Регион
Миловиќ: Да се формира ЗСО, немаше да дојдеме во оваа ситуација

Поранешниот претседател на општина Звечан, Драгиша Миловиќ, оцени денеска дека инцидентите на северот од Косово можеа да се избегнат ако постоеше добра волја и истакна дека пораките на францускиот претседател Емануел Макрон и на американскиот амбасадор Џефри Ховениер се охрабрувачки, пренесува „РТ Балкан“.
Миловиќ, кој беше претепан за време на нападот на КФОР врз Србите на северот од Косово, изрази жалење што реториката во Приштина не оди во насока на смирување на тензиите и нагласи дека граѓаните мора да останат смирени бидејќи мирниот отпор е најсилното оружје што го имаат.
Тој истакна дека сите настани произлегуваат од договорот што Приштина не го спроведува.
„Приказната за ЗСО трае повеќе од 10 години. Да заживееше заедницата, немаше да дојдеме до оваа ситуација. Мораме да останеме смирени, нашето најсилно оружје е тој мирен отпор. Вистината е на наша страна, на своја земја сме, од друг ништо не сме зеле. Мора да се бара политичко решение“, рече Миловиќ.
Според него, решението е да се вратат во периодот немирите, да се спроведат сите договори, а Србите во областите во кои се мнозинство да си го организираат животот онака како што мислат дека е најдобро за нив, „а не да ни го даваат Курти или некој од Приштина да ни каже што е добро за нас“.
Миловиќ вели дека не гледа омекнување на реториката во Приштина.
„Ни порачуваат или да одиме во Србија или да одиме во затвор. Таквата реторика не придонесува за стабилизирање на ситуацијата. Очекувам ЕУ и вкинтата да влијаат за мирно решение. Можно е ако има волја“, верува тој.
За него, пораката од Макрон и Ховениер е охрабрувачка.
„Мислам дека првпат по многу години Приштина е посочена како фактор за дестабилизација на ситуацијата на северот. Засега е само со зборови, а дали ќе се покаже на дело, ќе видиме. За три години откако Курти е на власт, Србите се изложени на притисок – повеќе од 300 напади, пукотници на Бистрички мост, сето тоа од доаѓањето на Курти. Барањата остануваат. Нема правда за Србите. Ги апсат, ги осудуваат, а потоа се бараат докази“, истакна Миловиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Општа тепачка на свадба во Србија: гостинка ја удри невестата, возврати младоженецот

Свадбена прослава во Горњи Милановац се претвори во вистинска драма кога избувна масовна тепачка меѓу гостите.
Според порталот „192.рс“, инцидентот почнал кога гостинка на свадбата, од причини што засега се непознати, физички ја нападнала невестата и ја удрила.
Потоа реагирал младоженецот обидувајќи се да ја заштити својата сопруга, а конфликтот набргу се проширил и на другите гости.
View this post on Instagram
Според снимката, во салата владеел целосен хаос, а некои од присутните се обидувале да ја смират ситуацијата.
фото: принтскрин
Регион
Дојава за бомба на имотот на Милорад Додик

Утрово, во Бања Лука е примена пријава за поставена бомба на имотот на Милорад Додик, поранешниот претседател на Република Српска.
Според Радио Сараево, полицијата веднаш излегла на местото на настанот и спроведува контрадиверзиска инспекција на имотот.
Претходно наутро, примена е и пријава за бомба во хотелот „Палас“ во Бања Лука. Министерството за внатрешни работи на РС извршило увид и утврдило дека станува збор за лажна пријава.
фото: принтскрин
Регион
Вучиќ: Успеавме да ги одложиме санкциите на САД врз српската нафтена индустрија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека САД го одложиле воведувањето санкции против Нафтената индустрија на Србија (НИС) за осум дена со цел, како што рече, „за да покажат почит кон Србија“.
„Им благодарам, сакаа да покажат почит, да ни кажат дека нè слушаат и ја разбираат нашата позиција. Благодарам за тоа, но дали добивме нешто суштинско? За седум дена, ќе го имаме истото прашање, а јас сè уште нема да го имам одговорот“, рече Вучиќ во Обреновац, каде што учествуваше на граѓанскиот марш против блокадите.
Тој додаде дека ќе има реакција од Србија и од самата НИС и кон американската страна и кон другите партнери кога станува збор за нови понуди.
„Верувам дека ова е добро, но дали ќе биде доволно и дали ова е она што го сакаат Американците – ќе видиме“, рече Вучиќ.
Санкциите на САД против НИС требаше да стапат во сила на 1 октомври, но рокот сега е одложен барем до 9 октомври.
фото: принтскрин