Спорт
Ѓоковиќ откри низ каков пекол минувал: Ова ми се случи само против Надал, преживував
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го нокаутира Алехандро Давидович Фокина со 7:6(4)/7:6(5)/6:2 и со тоа се пласираше во осминафиналето на Ролан Гарос.
Во текот на мечот беше јасно дека Србинот физички не се чувствува најдобро, побара медицински тајм-аут, а главно го мачеше колкот, кој му правеше проблеми на почетокот на годината.
„Поголемиот дел од натпреварот навистина се мачев, преживував наместо да уживам и играв. Бев слаб во првиот сет, преживеав некако, успеав да излезам од бездната на првиот сет. Во вториот сет имаше многу осцилации, поради ветерот го изгубив ритамот на сервис, кога ќе ти влезе црв во главата, губиш самодоверба и играч од негов калибар го чувствува тоа. Не се сеќавам кога последен пат одиграв два сета во времетраење од три часа, можеби против Надал. Знаев дека ќе биде борба, но не толку многу. Заслужи да освои еден сет и тоа е тенисот, некако успеав да се пробијам и да го играм најдобриот тенис кога е најважно. Го зголемив квалитетот на мојата игра во третиот сет, генерално задоволен сум и секогаш можам подобро, но приоритет сега е да се опоравам за да бидам што е можно повеќе свеж“, изјави Новак, пренесе „Нова.рс“.
Тој не го избегна ниту прашањето за односот со публиката.
„Односот со публиката некогаш е добар, некогаш не. Знам дека сакаат аутсајдерот да победува, сакаат драма. Имам нешто против кога не ги почитуваат играчите, кога некој ќе почне да ти свирка. Посакувам повеќето луѓе да беа на моја страна, но знам дека тоа не е можно. Кога некој провоцира, познато е дека реагирам на неправдата. Не ја разбирам причината за тоа, тоа е дел од работата, спортот што го играте, тие платиле билет и јас го почитувам тоа, но поединци се истакнуваат со тие реакции и слично“.
Тој откри дека во останатиот дел од турнирот ќе ја има поддршката од семејството.
„Денес доаѓаат моите деца, мислев на нив кога ми беше многу тешко. Бев исцрпен и потоа ми се појавија, сега слетуваат и добив поттик“.
Фокина беше голем предизвик за Новак во оваа фаза од турнирот.
„Задоволни сте кога ќе поминете низ ваков предизвик и тоа може да биде поттик“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драматична победа на Вардар во дербито против Силекс
Вардар и по 11-то коло остана лидер на табелата во Првата македонска фудбалска лига и единствен е без пораз во досегашнуот тек од сезоната.
Вардар во дербито на колот го обеди Силекс со 2.1. Со оваа победа, „црвено-црните“, се лидери на табелата со 27 поени, еден повеќе од Струга, три во однос на Шкендија и шест во однос на Силекс.
Жестоко и во добро темпо започна дербито во Скопје. Во првите 15 минути беа постигнати два гола. Омерагиќ погоди за Врадар во осмата минута, а во 14-та изедначи Хрвановиќ.
Во вториот дел, во 85-та минута црвен картон доби голманот на Силекс, Џеков. Невнимателно тој направи фаул врз Салиу надвор од шеснаесетникот.
Победата Вардар ја обезбеди во 100-та минута, кога од пенал погоди Мато. На пеналот му претходеше играње со рака на Ефтимов.
!function(r,u,m,b,l,e){r._Rumble=b,r[b]||(r[b]=function(){(r[b]._=r[b]._||[]).push(arguments);if(r[b]._.length==1){l=u.createElement(m),e=u.getElementsByTagName(m)[0],l.async=1,l.src=”https://rumble.com/embedJS/u4″+(arguments[1].video?’.’+arguments[1].video:”)+”/?url=”+encodeURIComponent(location.href)+”&args=”+encodeURIComponent(JSON.stringify([].slice.apply(arguments))),e.parentNode.insertBefore(l,e)}})}(window, document, “script”, “Rumble”);
Rumble(“play”, {“video”:”v6yv21o”,”div”:”rumble_v6yv21o”});
Табела:

Фото/ фк вардар
Спорт
Се подготвуваат три големи трансфери во НБА
Најдоверливиот кошаркарски новинар Шамс Чаранија зборуваше за можноста некои НБА суперѕвезди да заминат од своите клубови.
Сезоната започна, преговорите за разменiи се во тек и ќе траат до февруари.
Чаранија беше гостин во емисијата „Флагрант подкаст“ и беше замолен да коментира кои играчи би можеле да го сменат тимот до следното лето.
Тој започна со Јанис Адетокумбо и Тре Јанг, пред да ја елаборира ситуацијата со плејмејкерот на Атланта.
„Тре не го обнови договорот, му останува уште една година, слободен ќе биде следното лето. Може да остане во Атланта, но пазарот е отворен за него“, вели Чаранија.
Тој ја спомена можноста Леброн Џејмс да ги напушти Лос Анџелес Лејкерс.
„Сè уште не знаеме каде ќе оди Леброн, дали ќе ја заврши кариерата со Лејкерс, дали ќе се пресели некаде. Мислам дека сето тоа во моментов е во магла, дури ни самиот Леброн не го знае тоа сè уште“, додаде новинарот на „ESPN“.
Спорт
Дукати најде замена за Маркез во Супербајк
Овогодишниот вицешампион во Супербајк, Николо Булега ќе го замени Марко Маркез на последните две трки од сезоната, во Портимао и Валенсија.
Макез, деветкраен светски шампион ја заврши сезоната по инцидентот на Големата награда на Индонезија, во кој се здоби со фрактура на клучната коска и оштетување на лигаментите.
Дукати минатата недела потврди дека Маркез ќе го пропушти не само финалето на сезоната, туку и предсезонските тестови во Валенсија два дена по последната трка од сезоната.
Шпанецот беше заменет од тест возачот Микеле Пиро на трките во Австралија и Малезија, а одлуката да му се даде можност на Булега да дебитира беше донесена откако ги заврши тестовите во Херез оваа недела.
За Италијанецот, Големата награда на Португалија, која се одржува од 7 до 9 ноември, ќе биде негово деби во кралската класа, откако имаше вкупно 99 стартови во пониските класи, со два подиума.
Булега беше најавен уште порано како засилување за тест тимот на Дукати, особено поради фактот што има искуство со гумите на Пирели, кои ќе пристигнат во кралската класа од 2027 година.
Италијанскиот тим имаше можност да организира приватен тест за Булега и покрај отстапките, бидејќи Херез е патеката на која влезе Дукати, а Италијанецот не е еден од стандардните возачи.

