Спорт
Алкараз го „збриша“ Шаповалов за осминафинале во Париз

Светскиот рекет број 1 и прв носител, Карлос Алкараз покажа дека е прв фаворит за титулата од Ролан Гарос, откако во ноќниот меч на францускиот гренд слем со 6:1/6:4/6:2 го декласираше Канаѓанецот Денис Шаповалов.
Шампионот од САД опен, Алкараз во следното коло ќе се судри со Италијанецот Лоренцо Мусети, светскиот рекет број 18, кој во исто толку доминантен меч со 6:1/6:2/6:4 беше подобар од Британецот Камерон Нори.
Алкараз започна фантастично, правејќи предност од 5:0 во првиот сет и освојувајќи го само 32 минути. Потоа во вториот сет, Шаповалов се врати во ритам и поведе со 0:2 и со 2:4, но потоа неговата игра се „сруши“ и противникот лесно стигна до 2:0 предност во сетови. Во третиот сет, два брејка му беа доволни за победа.
Еден од неговите најголеми конкуренти за титулата, петтиот носител, Гркот Стефанос Циципас покажа импресивна форма во 6:2/6:2/6:3 победа над Аргентинецот Диего Шварцман.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Погба оди во МЛС, еден клуб има ексклузивни права за преговори

Францускиот фудбалер Пол Погба, чија суспензија поради допинг неодамна истече, преговара со Ди Си Јунајтед од Вашингтон, клуб кој има ексклузивни права за разговори со светскиот шампион од 2018 година, објавија американските медиуми.
Според „Вашингтон пост“ и „Атлетик“, тимот на Погба преговара со клубот од американската престолнина, поради таканареченото правило за „откривање“ во рамките на МЛС, специфично за северноамериканското првенство.
Еден клуб може да стави до пет играчи на „листата на откритија“ со кои има ексклузивни права на преговори. Барањето за ставање на играч на оваа листа го одобрува МЛС, која мора да процени дали клубот има финансиска можност и доволно простор во тимот да го доведе играчот.
„Клубот во овој момент нема коментар за шпекулациите за трансфери“, изјави претставник на Ди Си Јунајтед за агенцијата „Франс Прес“.
Погба, поранешен играч на Манчестер Јунајтед и Јувентус, не играл фудбал од септември 2023 година, кога беше суспендиран поради позитивен тест на забранет тестостерон.
32-годишниот француски фудбалер живее во Мајами, каде што работи индивидуално во очекување на трансферот.
Спорт
Уште еден проблем за Анчелоти – Сезоната заврши и за Менди

Фудбалерот на Реал Мадрид, Ферланд Менди, ќе отсуствува од теренот до крајот на сезоната поради повреда на квадрицепсот на десната нога.
„По тестовите извршени врз нашиот играч Ферланд Менди од страна на медицинската служба на Реал Мадрид, му беше дијагностицирана руптура на проксималната тетива на во квадрицепсот на десната нога“, се вели во соопштението на Реал Мадрид, во кое не е прецизирано колку долго Менди ќе отсуствува од теренот.
Добро познатиот инсајдер Фабрицио Романо објави дека францускиот бек ја завршил сезоната поради оваа повреда.
Фудбалерите на Реал Мадрид, Давид Алаба, Едуардо Камавинга и Антонио Ридигер, нема да се вратат на теренот до крајот на сезоната поради повреди.
Менди дојде во Реал Мадрид во 2019 година од Лион, а оттогаш одигра вкупно 201 натпревар за шпанскиот клуб.
Реал Мадрид е втор на табелата во шпанската Ла Лига со 72 бода, четири помалку од првопласираната Барселона.
Спорт
Ненадејно почина Николче Здравески

Николче Здравески, легендата на Победа, починан ненајдено на 54-годишна возраст. Здравевски беше дел од најголемите успеси на клубот од Прилеп.
Здравески како капитен ја предводеше Победа до првата шампионска титула, а беше тренер кога клубот втор пат стана шампион на Македонија.
Николче Здравески целата кариера ја мина во клубот од Прилеп. како фудбалер, тренер и координатор на младинската школа. Во еден период беше тренер на 11 Октомври, кога овој тим се натпреваруваше во Првата лига.
Во 2007 година Фудбалската федерација на Македонија го прогласи за тренер на годината.
Здравески во кариерата забележа два настапи за националниот тим. Го носеше дресот на Македонија на пријателските натпревари против Албанија и Азербејџан.