Македонија
Маричиќ – Брегу: Целта ни е ЕУ, затоа е важно паралелно да работиме и на регионалната соработка
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на маргините на министерскиот ЕУ-состанок на земјите учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) оствари средба со генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу.
На средбата беше разговарано за статусот на регионалните договори во рамките на Берлинскиот процес, нивната имплементација и следните активности на Советот за регионална соработка за кои Маричиќ вели дека се „позитивен чекор кон подготовката на Западен Балкан во единствениот пазар на ЕУ“.
Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ додаде дека регионалната соработка е составен дел од европската интеграција и клучна во достигнувањето на членството во ЕУ. Во тој контекст укажа дека за Северна Македонија останува регионалата соработка да е еден од надворешнополитички приоритети и дека ќе продолжи да биде конструктивен партнер на Советот за регионална соработка.
„Ќе продолжиме како земја да придонесуваме во подобрувањето на регионалната соработка и активно да работиме во рамките на иницијативите ‘Берлински процес’ и ‘Отворен Балкан’, од кои конкретни бенефити имаат македонските граѓани и македонската економија“, рече Маричиќ.
Генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, ја потврди заложбата и посветеноста на Северна Македонија на регионалната соработка и препознавањето на важноста на договорите што беа потпишани на самитот на Берлинскиот процес во ноември минатата година. Таа упати благодарност до македонската Влада за поддршката што ја дава на работата на Советот за регионална соработка и брзата ратификација на договорите во македонското Собрание, со надеж дека целосно, во сите земји, ќе бидат имплементирани до октомври, кога е планиран следниот самит на Берлинскиот процес во Тирана.
Маричиќ денеска во Бечиќи ќе се сретне и со колешката од Албанија, Олта Џачка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Гази Баба и Ѓорче Петров
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 14.30 часот, корисниците на обејкт на Меркур Македонија. (општина Гази Баба)
· во периодот од 09.00 до 14.30 часот, корисниците на дел од улицата Радушка (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса следува период на суво и стабилно време. Утринската температура ќе се спушти под нулата, а во одредени котлини ќе има услови за појава на магла.
Македонија
Центар наскоро ќе стане првата општина во земјава со систем за мерење на бучава, рече Герасимовски
Општина Центар наскоро ќе стане првата општина во земјава со систем за мерење на бучава во реално време, најави градоначалникот Горан Герасимовски. Според него, јавната набавка е завршена, а веднаш по изборите ќе бидат поставени 30 мерни единици на различни локации.
„Заврши јавната набавка, чекаме да поминат изборите за да ги поставиме мерните единици – првично 30. Преку мобилна апликација, секој граѓанин ќе може да провери каква е фреквенцијата на бучава на одредена локација“, изјави Герасимовски.
Системот, како што објасни, ќе им овозможи на граѓаните докази при пријавување во Министерството за внатрешни работи или до општинските инспекциски служби. Целта е брза и ефикасна реакција на прекршителите, особено во зони каде што постојат проблеми со прекумерна бучава од угостителски објекти и сообраќај.
Во вториот дел од изјавата, Герасимовски зборуваше за следниот голем проект на општината – постепено затворање на Дебар Маало за моторен сообраќај, со што ќе се намали хаосот со паркирањето и ќе се создаде подобар квалитет на живот за жителите.
„Имаме ревидиран проект за затворање на Дебар Маало. Тој е доставен до Министерството за внатрешни работи и веќе имавме два состанока со МВР за да го подобриме и да добиеме одобрување. Така и беше договорено на последниот состанок“, рече Герасимовски.
Планот е Дебар Маало да се затвора дел по дел, почнувајќи веднаш по завршувањето на изборниот процес, а првата рампа веќе е поставена.
„Веќе поставивме рампа на почетокот на Боемска улица. Разговараме за начинот на кој таа зона ќе функционира, и тоа ќе биде пример за затворање и на други населби каде што сообраќајот и паркирањето се хаотични“, додаде градоначалникот.

