Свет
Поранешен доктор од Белата куќа: Kогнитивното здравје на Бајден станува проблем за националната безбедност
Републиканскиот конгресмен од Тексас, Рони Џексон, поранешен лекар во Белата куќа во администрацијата на Обама и Трамп, продолжува да поставува прашања за менталното и физичкото здравје на претседателот Џо Бајден, пренесува „Спутник“.
По паѓањето на Бајден на сцената за време на неодамнешната церемонија на Академијата за воздухопловни сили на САД, Џексон изјави дека Бајден не е ментално или физички способен да биде претседател.
Според Џексон, дел од улогата на врховниот командант на САД е да инспирира доверба и да проектира моќ, што тој верува дека Бајден не успева да го направи поради својата возраст и впечатливиот пад во способностите.
Џексон ги истакна многуте гафови направени од Бајден и тврди дека неодамнешниот пад на претседателот само ја зголемува загриженоста за неговата подготвеност за функцијата.
Тој посочи дека физичкиот пад на Бајден сега дополнително го нагласува неговиот когнитивен пад за кој тој тврди дека е евидентен веќе некое време.
„Мислам дека падот во неговата физичка способност и физичкото опаѓање сега почнуваат да го истакнуваат когнитивниот пад, што многу долго го гледаме кај него. Тоа веќе не проаѓа во светот и станува проблем за нашата национална безбедност. Мора да направиме нешто во врска со тоа“, предупреди Џексон.
Изразувајќи го своето неверување дека Бајден (80) размислува да се кандидира за уште еден мандат – кој, ако го заврши, ќе има 86 години – Џексон ја критикува Белата куќа што дозволила тоа да се случи.
Тој повика на одговорност и ги повика блиските до Бајден, вклучително и првата дама Џил Бајден, да преземат мерки. Поранешниот лекар од Белата куќа дури и предложи Бајден да користи шетач за да избегне нови срамни паѓања во јавност.
Загриженоста на Џексон за способноста на Бајден за функцијата не е нова. Во април тој дистрибуира писмо меѓу републиканците во Претставничкиот дом, во кое бараше Бајден да се подложи на когнитивен тест или да се повлече од трката во 2024 година.
Во писмото се наведуваат годините на Бајден, неговите јавни гафови и анкетите во кои многу Американци изразуваат сомнеж за неговата ментална подготвеност.
Администрацијата на Бајден постојано ги отфрла овие изрази на загриженост, а портпаролот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, укажа на успесите на Бајден и увери дека тој е способен да ги исполни своите обврски како претседател.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Странски турист испадна од кабина на жичницата на планината Дурмитор во Црна Гора
Еден странски турист загина, а тројца се спасени во несреќа на жичницата на планината Дурмитор во Црна Гора. Тамошните медиуми објавија дека двајца германски државјани испаднале од својата кабина, од кои еден починал, додека неговата сопруга е тешко повредена.
По неколкучасовниот прекин на работата на жичницата поради несреќата, спасени се тројца странски туристи кои беа заглавени на стрмниот и непристапен дел на скијалиштето на Дурмитор. Тие беа заглавени во горниот дел на жичницата, каде што температурите се пониски.
Црногорските медиуми објавија дека несреќата се случила откако жичницата поради дефект тргнала наназад, при што двајцата Германци испаднале од кабината.
Свет
Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош
Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од студ поради тешките зимски услови и го повика Израел да ја ублажи блокадата на хуманитарната помош, додека, како што наведуваат, воените дејствија продолжуваат и покрај примирјето.
МСФ соопшти дека во јужниот дел на Газа, во Кан Јунис, од тешка хипотермија починало прерано родено бебе на 29 дена, истакнувајќи дека зимата во комбинација со исклучително лошите животни услови значително ги зголемува здравствените ризици, пренесе Ал Џезира.
Според податоците на Министерството за здравство на Газа, бројот на смртни случаи поради екстремните временски услови достигнал 13, додека претходно оваа недела од студ починало и двонеделно бебе поради недостаиг на соодветно засолниште и облека.
Шефот на педијатриско-акушерското одделение во Медицинскиот комплекс „Насер“ Ахмед ал-Фара предупреди дека хипотермијата е исклучително опасна за новороденчињата и дека доколку на семејствата во шаторите не им се обезбедат средства за греење и соодветно сместување, бројот на смртни случаи ќе расте.
МСФ наведува дека бележи висок пораст на респираторни инфекции, кои во текот на зимата би можеле дополнително да се шират, особено загрозувајќи ги децата под пет години.
Во последните недели Газа се соочува со обилни врнежи, силни ветрови и ниски температури, при што повеќе од 53.000 шатори, кои служат како привремено сместување за раселените лица, се оштетени или уништени.
Поради уништената инфраструктура, улиците брзо се поплавуваат, а канализацијата се излева, додека семејствата се принудени да се засолнат во делумно урнати објекти.
Обединетите нации наведуваат дека Израел и натаму спречува испорака на шатори, ќебиња и други основни потреби, додека околу 55.000 семејства претрпеле штета за време на невреме, а оштетени се и просторите наменети за деца, што погодило околу 30.000 деца.
Организацијата „Refugees International“ оцени дека хуманитарната помош во Газа пристигнува во минимални количини, делумно поради списокот на „контролирани предмети“, кој, според наводите, вклучува и основни потреби како пелени, завои и шатори.
Свет
Брз патнички воз уби седум слонови на пруга во Индија
Седум диви азиски слонови загинаа, а еден мал е повреден кога брз патнички воз се судрил со крдо кое ја преминувало пругата во североисточната индиска сојузна држава Асам, соопштија локалните власти.
Машиновозачот забележал крдо од околу 100 слонови и ги употребил сопирачките за итни случаи, но возот сепак удрил во дел од животните, изјави портпаролот на Индиските железници, Капинџал Кишор Шарма.
Пет вагони и локомотивата излетале од шините по сударот, но немало човечки жртви.
Ветеринари извршиле обдукција на угинатите слонови, кои дополнително треба да бидат погребани.
Местото на несреќата е шумско подрачје на околу 125 километри југоисточно од главниот град на Асам, Гвахати.
Возот „Раџдани експрес“, кој сообраќал од Саиранг во државата Мизорам која се граничи со Мјанмар, бил на пат кон главниот град Њу Делхи со 650 патници кога удрил во слоновите.
Сударите на возови и диви слонови не се ретки во Асам, каде што живеат околу 7.000 диви азиски слонови, што претставува една од најголемите концентрации во Индија. Од 2020 година, најмалку десетина слонови биле убиени на овој начин.

