Спорт
Реал не сака да плати 100 милиони фунти за Кејн
Челниците на Реал Мадрид се заинтересирани за напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, но не сакаат да му платат на лондонскиот клуб отштета од цели 100 милиони фунти (116 милиони евра).
На Реал му треба врвен напаѓач, бидејќи Карим Бензема реши да го напушти „кралскиот клуб“.
Кејн првично сакаше да ја продолжи кариерата во Манчестер јунајтед, но претседателот на Тотенхем, Даниел Леви изјави дека нема да дозволи неговиот најдобра игра да засили ривалски клуб од Премиер лигата.
Челниците на Реал, го сакаат Кејн, но сметаат дека 116 милиони евра е преголема сума за фудбалер кој следниот месец ќе наполни 30 години, а кој има само уште една сезона од актуелниот договор“, пишува „Дејли Мирор“. Во превод ова значи дека Реал не сака да ја повтори грешката која ја направи со Еден Азар.
Британските медиуми посочуваат дека се очекуваат долги и напорни преговори меѓу Реал и Тотенхем, бидејќи претстојниот преоден рок е единствената шанса лондонскиот клуб да добие отштета за Кејн.
Кејн за Тотенхем одигра 435 натпревари и постигна 280 голови, но со лондонскиот клуб не освои ниту еден трофеј.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Барселона лесно се справи со Бетис
Барселона убедливо победи во едно од дербињата на 15-то коло од Ла Лига. Во Севилја го победи Бетис со 5:3.
Се чинеше дека Барселона може да се лизне во Севилја против Бетис. Ерупција на воодушевување донесе голот на Антони во петтата минута. Барселона одоговори експресно со два гола на Феран Торес во 11-та и 13-та минута.
Барселона не застана тука. Напротив, во 31-та минута, Педри беше во улога на асистент, а Бардаги совршено ја контролираше топката, а потоа од 15 метри го погоди блискиот агол на голманот Валхес.
До крајот на првото полувреме, Барселона веќе го обезбеди триумфот, во 40-та минута имаше малку среќа, Торес шутираше, топката се одби од противничкиот играч и заврши во мрежата на домашниот тим.
Во продолжение, Барселона постигна петти гол, во 57-та минута беше досуден пенал за гостите, по прегледаното ВАР видео, а Ламине Јамал погоди за 1:5.
До крајот на натпреварот, има уште три детали што вреди да се споменат, пред сè оној од 85-та минута кога Љоренте го постигна вториот гол за Бетис, а потоа и неверојатното промашување на Рашфорд кој, минута подоцна, сам се најде пред голманот на Бетис и шутираше покрај голот од десетина метри.
Во 90-та минута, Кунде направи пенал, а Кучо Ернандез сигурен за конечни 3:5.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Ливерпул во Лидс испушти 0:2 и 2:3, Танака во 96-та погоди за 3:3
Спектакуларно второ полувреме одиграа Лидс и Ливерпул во Премиер лигата. Ливерпул не може да излезе од кризата, против Лидс не им беше доволна предноста од 0:2 и 2:3. идес освои бод во 96-та минута кога Танака го постигна голот за 3:3.
По првиот дел во кој немаше голови, навивачите на „Елан роуд“ присуствуваа на вистински спектакл. Ливерпул постигна два гола во интервал од 120 секунди. Екитике погоди во 48-та и 50-та минута.
Лидес одговори идентично, во 73-та погоди Калвер-Лувин од пенал, а изедначи Стач во 75-та минута.
Нова предност на Ливерпул му донесе Собослај во 83-та минута. Но „црвените“ не успеаја да победат. „Елан роуд“ во делириум го фрли Танака со голот за конечни 3:3 во 96-та минута.
Foto/ EPA
Спорт
Интер го декласира Комо
Фудбалерите на Интер убедливо го победија Комо со 4:0 (1:0) во натпреварот од 15-то коло на италијанската Серија А.
Момците на Кристијан Киву, слободно може да се каже, го декласираа тимот на Сеск Фабрегас, најпријатното изненадување во досегашниот тек од сезоната.
Веќе во 11-тата минута, Лаутаро Мартинез ги доведе „нероазурите“ во водство и го најави триумфот на домашниот тим.
Комо се држеше максимално во првото полувреме, имаше неколку можности за израмнување, а потоа гостите се распаднаа во продолжението.
Маркус Тирам ја удвои предноста на Интер во 59-та минута, а точно на истекот на 80-та минута, Хакан Чалханоглу, во свој стил, од работ на шеснаесетникот го зголеми резултатот на 3:0.
Конечниот резултат го постави Карлос Аугусто во 86-та минута.
Интер ја забележа 10-та последователна победа во лигата над Комо, кој не постигна гол во претходните пет меѓусебни средби.
По овој натпревар Серија А, повторно има нов лидер, барем додека Милан не го одигра својот натпревар.
Foto/ EPA

