Македонија
(Видео) Осудениот директор на тетовската болница: Не ја разбирам пресудата, не знам како ме поврзуваат со модуларниот објект
Осудениот ексдиректор на болницата во Тетово, Флорин Бесими, посочи дека не ја разбира пресудата со која доби условна казна за пожарот во модуларната болница, односно за непревенирањето. Тој рече дека не е потписник, ниту има некаква поврзаност со објектот. Најави жалба до Апелација.
„Не ја разбирам пресудата. Не ми е јасно како ме поврзуваат со модуларната болница кога самите бевте присутни и од самите докази се гледа дека не сум изведувач, не сум бил надзор, ниту сум ја примил, што постои во документите. Не сум потписник. Само знам дека сим обвинет за ПП-апарати – дали имало или немало, тоа во текот на судскиот процес го кажаа сведоците. Мене ми останува да се спротивставам на пресудата и да го барам правото во повисоките судски институции“, рече Бесими.
Прашан како се чувствува и дали ова е правда за жртвите, Бесими посочи: „Жалам за трагичниот настан, не се чувствувам виновен. Не сум потписник, не сум бил надзор. Останува да ја барам правдата со цел сите жртви, семејствата, да ја знаат вистината. Најмногу заинтересиран за ова сум јас“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

