Спорт
Барса доби позитивен одговор од Ла Лига, може да го врати Меси
Барселона има желба да го врати Лионел Меси во клубот, а Аргентинецот сака да се врати „дома“.
Финансиската (не)стабилност на Барселона не го дозволува трансферот на Меси и покрај тоа што тој е слободен играч. Клубот од „Ноу Камп“ има план и ќе се држи до него за Чави да го има најдобриот во историјата во своите редови.
Денеска се одржа состанок со челниците на Примера и Барселона, темаа беше потенцијалниот трансфер на Лионел Меси. Луѓето од Барселона им го презентирале планот на челниците на лигата.
„Планот за физибилити е прифатен. Враќањето на Меси во Барселона сега е финансиски изводливо“ , пишуваат одредени медиуми блиски до Барселона.
Лионел Меси има профитабилни понуди од истокот, но неговата желба е јасна, не сака пари, сака да се врати во Барселона и тука да ја заврши кариерата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Брајтон победи на „Олд Трафорд“, нов пораз на Тотенхем, Форест победи и се изедначи со Арсенал
Манчестер јунајтед доживеа нов пораз на домашен терен во Премиер лигата. Попладнево на „Олд Трафорд“ Брајтон го победи Јунајтед со 3:1 „Црвените ѓаволи“ во 22.коло го забележаа десеттиот пораз во првенство. На последните четири натпревари, Манчестер јунајтед доживеа четири порази, три од нив на „Олд Трафорд“.
Култниот стадион „Олд Трафорд“ некогаш беше неосвоива тврдина за противниците. Тоа беше во минатото, во ерата на сер Алекс фергусон. Сегашноста е сурова, во еден месец Јунајтед три пати загуби на домашен терен. По Борнмут и Њуласл, бодовите од Манчестер ги однесе и Брајтон.
„Галебите“ во последните сезони се вистински пеницилин за Јунајтед, ја забележаа третата последовна победа на „Олд Трафорд, славеа против „црвените ѓаволи“ на шест од последните седум натпревари.
Дека на Јунајтед лошо му се пишуав најави Минте во петтата минута. Брун фернандеш изедначи во 23. и со 1.1 се замина на полувреме.
Во вториот дел ВАР му поништи гол на Жоао Педро, но Брајтон сепак дојде до предност со голот на Митома. Крилниот напаѓач стана најефикасниот Јапонец во историјата на Премиер лигата. Против Јунајтед го постигна својот 15. гол.
Точка на натпреварот стави Жоржињо Рутер во 76,минута. Бразилецот не пропушти да го искористи подарокот по лошата интервенција на Андре Онана.
Важна победа во борбата за опстанок забележаа фудбалерите на Евертон. Со повратникот во клубот, менаџерот Дејвид Мојс, „карамелите“ го победија Тотенхем со 3.2. Тотенхем е во сериозна криза, нема победа на последните пет натпревари, на кои четири пати загуби. Нема да биде изненадување доколку менаџерот Ангелос Постекоглу добие отказ.
Евертон одигра фуриозно во првиот дел, ги казни сите грешки на противникот. Јалверт-Лувин во 13. и Ндиај во 30.минута постигнаа прекрасно голови, а Греј во седмата минута од судиското надополнување зголеми на 3:0
Во вториот дел Тотенхем пристискаше, но не успеа да дојде барем до бод. Спарс постигнаа два гола преку Кулушевски и Ришарлисон.
Добрата форма ја потврди Нотигем Форест со победата над Саутемптон 3:2. Форест со овој триумф се изедначија со Арсенал на второто место на табелата.
Спорт
Антони ќе ира за Бетис, а плата ќе зема во Манчестер јунајтед
Крилниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Антони ќе му биде позајмен на Бетис. Шпанските медиуми пишуваат дека клубовите постигнале договор.
„Мундо Депортиво“ тврди дека клубот од Севилја нема да има право да го откупи Бразилецот за кого клубот од „Олд Трафорд“ потроши повеќе од 90 милиони евра во 2022 година кога донесе од Ајакс.
Виљареал, исто така, наводно бил заинтересиран за доведување на 24-годишниот фудбалер.
Според ововј извор, „црвените ѓаволи“ ќе продолжат да плаќаат добар дел од платата на Антони, која е 200.000 фунти недеелно, а во договорот за трансфер ќе има клаузула, според која Бетис ќе плаќа пенали доколку Бразилецот не добие соодветна минутажа.
Идејата е Атони да го замени Асан Диао на таа позиција, откако 19-годишниот Сенегалец, член на шпанската младинска репрезентација, за 12 милиони евра му се приклучи на Комо.
Антони не е омилен меѓу навивачите на Јунајтед. За клубот одигра 82 натпревари и постигна 11 гола во првите две сезони, од кои пет на 44 натпревари во Премиер лигата.
Сезонава нема постигнато гол на седум натпревари во Премиер лигата, а постигна гол само против третолигашот Барнсли во Лига купот, кога Јунајтед триумфираше со 7:0.
Спорт
(Видео) „Виола“ ја продолжи лошата серија – Торино освои бод на „Артемио Франки“
Серијата на Фиорентина од десет натпревари без пораз, во која забележа девет победи и едно реми, заврши на 15 декември минатата година со пораз од Болоња. „Виола“ оттогаш е во голема резултатска криза, на последните шест натпревари од можните 18 осовои само два бода.
Фиорентина во првиот меч од денешната програма во Серија А, во рамките на 21.коло одигра 1:1 со Торино.
Фиорентина во еден момент беше лидер во Серија А, а по ремито со Торино падна на седмата позиција на табелата, има 17 поени помалку од лидерот Наполи. Серијата лоши резултати ја компромитира позицијата на тренерот Рафаеле Паладино.
Мојсе Кен ги доведе „виолетовите“ во водство во 38. минута, со што само пот врди дека се наоѓа во одлчична форма. Пет минути претходно, Торино остана со фудбалер помалку на теренот, поради два жолти картоно беше исклучен Дембеле.
Фиорентина напаѓаше во вториот дел, не успеа да постигне гол, туку му дозволи на пртивникот да замине непоразен од „Артемио Франки“.
Пјетро Комуцо направи кардинална грешка во 70. минута , наместо соиграчот го проигра Гидас Гнеитис. Литванецот го искористи подарокот и го постави конечниот резултат.