Спорт
Тимот на сезоната во Лига Европа
Севилја, во средата, го освои трофејот во Лига Европа по седми пат во својата историја. Во Будимпешта, по изведувањето пенали, Севилја ја победи Рома.
Капитенот на Севилја, Хесус Навас е прогласен за најдобар играч во Лига Европа, а ова е четврти пат во кариерата да го крева пехарот од ова натпреварување во кое сезонава забележа три асистенции.
Во најдобриот тим на сезоната, покрај Навас, се и неговите соиграчи голманот Бону, левиот бек Маркос Акуња и Иван Ракитиќ.
Четворица играчи во тимот на сезоната има и Рома: Крис Смолинг, Паоло Дибала, Лоренцо Пелегрини и Немања Матиќ.
Покрај Севилја и Рома, уште три клуба имаат свои претставници во тимот на сезоната: Манчестер јунајтед (Маркус Рашфорд), Унион Сен Жилоа (Виктор Бонифас) и Баер Леверкузен (Џонатан Та).

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Граѓаните“ ја прекина неверојатната низа на Ливерпул
Пеп Гвардиола го победи Ливерпул со 3:0 во својот 1000-ти натпревар во како тренер и во исто време ја прекина одличната серија на тимот од Енфилд.
Актуелните англиски шампиони постигнаа голови во 44 последователни натпревари од Премиер лигата.
Подобра серија од нив имаше само Арсенал од сезоната 2001/02, кој успеа во 55 натпревари да постигне најмалку еден гол.
Интересно е што уште една генерација на Ливерпул е меѓу првите пет, станува збор за тимот од сезоната 2019/20.
Liverpool FC's incredible scoring streak ends 11 games shy of Arsenal's 2001/02 record ❌🔚
It could only be Pep to stop them on his 1,000th game 😤 pic.twitter.com/1Uj3NRS0Sp
— OneFootball (@OneFootball) November 10, 2025
Спорт
Лионел Меси се врати на „Камп ноу“
Според многумина, најдобриот фудбалер во историјата, Лионел Меси, го посети стадион „Камп Ноу“, кој е во последна фаза од реновирањето. На овој стадион, 38-годишниот Аргентинец доживеал многу брилијантни моменти во својата кариера носејќи го дресот на Барселона.
Лионел Меси го носеше дресот на Барселона 2004 до 2021 година, и сосема е логично што неговата „тајна“ посета во неделата навечер била придружена со емотивна порака.
„Синоќа се вратив на местото што ми недостига во душата. Местото каде што бев неизмерно среќен, каде што ме направивте да се чувствувам илјада пати посреќен“, се зборовите со кои започнува објавата на Меси на Инстаграм.
Меси не се враќа во клубот што го водеше до најславните моменти од неговото основање, но не ја затвори ниту вратата за таа можност.
„Се надевам дека еден ден ќе можам да се вратам, а не само да се збогувам како играч, што никогаш немав можност да го направам“, подвлече Меси во емотивната порака.
Пред круната на неговата кариера, осовоејувањето на титулата на Светското првенство во 2022 година во Катар, Меси ја предводеше Барселона до 10 титули во Ла Лига, седум во Купот на кралот и четири во Лигата на шампионите.
Потоа, тој ги бранеше боите на Пари Сен Жермен две сезони, а сега влезе во третата сезона откако го носи дресот на Интер од Мајами.
Спорт
Јуриќ доби отказ, на неговото место доаѓа Паладино
Италијанските медиуми пред пет дена објавија дека два натпревари ќе ја одредат судбината на Иван Јуриќ на клупата на Аталанта.
Првиот го доби, против Марсеј во Лигата на шампионите, во вториот доживеа дебакл на домашен терен од Сасуоло (0:3).
Италијанскиот инсајдер, новинарот, Николо Скира, тврди дека Иван Јуриќ ќе биде отпуштен. Според овој извор, Аталанта има фаворит за нов тренер.
Тоа е Рафаеле Паладино, кој зад себе има само два тренерски ангажмани. Ја водеше Монца (2022-2024) и Фиорентина минатата сезона. Двете страни треба да потпишат договор со до летото 2027 година.
Јуриќ ја презеде Аталанта ова лето од клупската легенда Џанпјеро Гасперини, а во 15 натпревари постигна само четири победи со осум нерешени резултати и три порази.

