Спорт
(ВИДЕО) Штутгарт останува во Бундеслигата, го доби и вториот дуел против Хамбургер
Штутгарт го задржа бундеслигашкиот статус откако во плеј-офот за опстанок во елитата го победи Хамбургер на вториот меч, на гости со 1:3. „Швабите“ имаа предност од 3:0 по првиот натпревар на „Мерцедес Бенц арена“, па на крајот убедливо го совладаа ривалот со вкупен резултат, 1:6.
El drama del #Hamburgo fue total.
⚽️ Los hinchas celebraron un ascenso que no fue.
⚽️ En la Promoción perdieron 1-6 (0-3 y hoy 1-3) ante el #Stuttgart.
⚽️ El arquero regaló así el 1-2 hoy.
⚽️ Jugará por sexto año seguido en la B alemana.#RelojMufa pic.twitter.com/qP2hLOdQnK— Rodrigo Eyzaguirre (@RodEyzaguirre) June 5, 2023
Вечерва, Сони Кител му даде надеж на Хамбургер со голот во шестата минута, но во вториот дел Штутгарт направи пресврт. Двоен стрелец беше Енцо Милот.
Тој погоди во 48.минута за израмнување, а потоа ја искористи неверојатната грешка на домашниот голман Даниел Фернандеш за да направи пресврт во 64.минута.
Силас во судиското продолжение го потврди триумфот на Штутгарт и останувањето во елитата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Крамариќ го пцуеше клубот по дебаклот во Минхен
Легендата на Хофенхајм, хрватскито репрезентативец Андреј Крамариќ со пцовки го коментираше поразот од Баерн (5:0) во Бундеслигата.
„Не сакам да зборувам за играта бидејќи знаев дека ова ќе се случи. Овој натпревар е слика на целата сезона. Да бидам искрен целата сезона е едно големо ср..е. Доколку кажам што навистина мислам за клубот, веројатно би ја добил највисоката казна во историјата на Бундеслигата. Има причина зошто сум толку лут на клубот поради се што направи во последните месеци вложи толку многу пари, а ништо не е постигнавме“, рече Крамариќ и додаде:
„Затоа не сакам да зборувам за денешниот натпревар бидејќи сега сме соочени со борбата за опстанок“.
Спорт
Менаџерот на Нејмар преговара со клубови од САД
Бразилскиот напаѓач Нејмар е во преговори со три клуба од МЛС, пренесува „EСПН“. Она што е познато во овој момент е дека еден од тие клубови не е Интер Мајами, чии дрес го носат поранешните соиграчи на Нејмар од Барселона, Лионел Меси и Луис Суарез. Покрај неименувани два клуба „ЕСПН“, открива дека претставниците на Нејмар разговараат за негова можна преселба во Чикаго Фајр.
Нејмар има големи проблеми со повреди откако дојде во Ал Хилал. Клубот од Саудиска Арабија го донесе од Пари Сен Жермен во август 2023 година во трансфер вреден 90 милиони евра и му даде плата од 150 милиони евра.
Поради повреди, тој одигра само седум натпревари за клубот и постигна еден гол и три асистенции. Ал Хилал минатата сезона ја освои титулата во лигата, и без негова помош, бидејќи одигра само три натпревари.
Тој е под договор до крајот на летото, што значи дека има право да преговара со други клубови.
Нејмар играше за Сантос, Барселона и ПСЖ пред да дојде во Ал Хилал. Со шпанскиот клуб освои се што можеше со учинок од 105 гола и 76 асистенции на 186 одиграни натпревари. Успешен беше и во ПСЖ, но со нив не ја освои титулата во Лигата на шампионите. За ПСЖ одигра 173 натпревари, постигна 118 и запиша 77 асистенции.
Спорт
Араухо ќе го продолжи договорот со Барселона
Барселона и Роналд Араухо се договорија за продолжување на соработката, ставајќи крај на шпекулациите околу иднината на Уругваецот.
Спортскиот директор на Каталонците Деко разговарал со дефанзивецот, што резултирало со вербален договор, објави новинарот Фабрицио Романо.
Во блиска иднина двете страни треба да ги финализираат сите формалности и услови, а следни на ред за нови договори се младите ѕвезди Ламин Јамал, Гави и Педри.
Во последните денови се шпекулираше дека детали го делат 25-годишниот дефанзивец од трансфер во Јувентус. Сепак, „старата дама“ ќе мора да заборави на моменталниот приоритет и да се сврти кон други потенцијални засилувања во дефанзивната линија.
Араухо е член на Барселона од 2019 година, а сезонава одигра само два натпревари поради повредата на тетивата од која неодамна се опорави.