Спорт
Мартинез го напушти Билбао, следна станица е Барселона
Најскапиот фудбалер во историјата на Атлетик Билбао, Ињиго Мартинез денеска и официјално си замина од „Сан Мамеш“. Мартинез, кариерата ќе ја продолжи во Барселона.
Договорот на 31. годишен стопер истекува на 30 јуни, тој ги одби сите понуди да потпише нов. Мартенизе ги договори личните услови со Барселона, но ќе треба да почека за да го потпише договорот.
Барселона има финансиски проблеми и за да го регистрира Мартинез ќе мора да ослободи место во буџетот за плати, односно да продаде некој играч од актуелниот состав.
Инаку, Мартинез, ќе има годишна плата од 4.500.000 евра. Тој ќе потпише договор до јуни 2025 година.
Ињиго Мартинез кариерата ја започна во младинската школа на Реал Сосиедад, играше за вториот тим на клубот од Сан Себастијан, а за првиот тим дебитираше во 2011 година. Седум години подоцна тој се пресели во редовите на најголемиот ривал, Атлетик Билбао.
Атлетик за него плати 32.000.000 евра што е најголемиот трансфер во клупската историја. За Атлетик одигра 152 натпревари, постигна шест гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Себаљос го напушта Реал, се договорил со Атлетико
Дани Себаљос по завршувањето на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид. Шпанските медиуми тврдат дека тој карирата ќе ја продолжи во Атлетико, градскиот ривал на Реал.
Себаљос, во Реал пристигна во 2017 година, како МВП на Европското првенство за фудбалери до 21 година. Но, во конкуренцијата каква што владее во Реал, во редт за врска, не успеа да се избори за место во тимот.
Реал го испраќање на позајмици, најпродуктивен беше во Арсенал, но „тобџиите“ сепак не го откупија неговиот договор.
Оваа сезона, тренерот Карло Анчелоти воопшто не смета на него. Минатиот петок го започна натпреварот против Реал Сосиедад, откако претходно во целата сезона одигра само пет минути во првенството.
Незадоволен од статусот и по разговорот со Анчелоти, добил дозовола да го напушти клубот.
Шпанските медиуми тврдат дека тој веќе се договорил со Атлетико. Сега челниците на „јорганџиите“ ќе треба да се договорат со реал околу обесштетувањето. Се шпекулира дека сумата би требала да биде помеѓу 8 и 10.000.000 евра.
Низ историјата ретки се трансферите на реалција Реал-Атлетико и обратно. Последен таков трансфер се случи во 2019 година, кога Маркос Љоренте за 30.000.000 милиони евра од Реал се пресели во Атлетико.
Спорт
Шок во Минхен, Рагник не сака да биде тренер на Баерн
Ралф Рагник сепак нема да биде тренер на Баерн Минхен. Кристијан Фалк, веројатно најпознатиот инсајдер кога станува збор за она што се случува во германскиот великан, тврди дека 65-годишниот стратег решил да се заблагодари на понудата и да ја продолжи работата како селектор на Австрија.
Баерн Минхен по завршувањето на сезоната ќе остане без Томас Тухел. Резултатите му пресудија на тренерот и тој ќе го напушти клубот, дури и да ја освои Лигата на шампионите.
Баварците, од јануари, се бво потрага по нов тренер. Најпрвин ги одби Чаби Алонсо, а потоа и Јулијан Нагелсман. Алонсо реши да остане во Баер Леверкузен, а Нагелсман го продолжи договорот со Фудбалскиот сојуз на Германија.
„Скај Спортс Германија“, вчера објави дека Рагник е во завршни преговори со Баерн.
„Рангник е извонреден познавач на фудбалската сцена. Тој има исклучителни вештини за развој на играчи и тимови. Сè што слушнав за австриската репрезентација под негово водство е многу, многу позитивно. Разговорите со него одат во вистинска насока. Ако дојде, тоа ќе биде многу добро решение за нас“, изјави вчера претседателот Херберт Хајнер.
Преговорите со Рагник сепак не завршија поволно за Баерн. Тренерот решил да ја одбие понудата и да остане селектор на Австрија. Со Фудбалскиот сојуз на оваа земја тој има договор до 2026 година.
Спорт
Ванкувер ќе потроши 442 милиони долари за организација на Мундијалот
Проценетите трошоци за одржување на Светското првенство во 2026 година на „Би Си Плејс“ стадионот во Ванкувер, дупло се зголемиле во последните две години, изнесуваат 422 милиони долари.
Во март 2022 година беше најавено дека во Ванкувер ќе се одиграат пет натпревари на Мундијалот чии домаќини ќе бидат Канада, Мексико и САД. Во меѓувреме Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го зголеми бројот на натпревари на седум.
Документот се наведени торошоците на градот и покраината, заедно со работите на стадионот. Во ажурираните проценки влегуваат и факторите за сместување, работењето и барањата по посетата на ФИФА, зголемените претпоставки за инфлација и трошоците за основните услуги во јавниот сектор.
„Се разбира, ќе има повеќе трошоци и повеќе приходи, но ако се прошири на долг рок, придобивките се огромни и тие повеќе од сигурно ќе го исплатат тој дефицит“, рече градоначалникот на Ванкувер, Кен Сим.
Владата на Британска Колумбија соопшти дека натпреварите ќе привлечат околу 350.000 фанови во покраината и ќе генерира повеќе од една милијарда канадски долари, околу 727 милиони долари во туризмот во петте години по турнирот.
За реновирање на стадионот „Би Си Плејс“ е планирана инвестиција од 142 милиони американски долари.