Спорт
Покрај Сити уште три клуба се заинтересирани за Гундоган
Фудбалерите на Манчестер сити во сабота ќе играат против Интер за титулата во Лигата на шампионите. Финалето би можело да биде последениот натпревар за капитенот Илкај Гундоган во дресот на Сити. Неговиот договор истекува на крајот од сезоната.
Постои можност, но засега никој не може да гарантира дека тој ќе остане на „Етихад“. За неговите услуги има неколку заинтересирани клубови.
Неговиот вујко и агент Илхан Гундоган ги отфрли сите медиумски шпекулации и изјави дека по финалето ќе размислува каде ќе игра наредната сезона.
Во моментов има повеќе опции, а најчесто се споменува во контекст на преселба во Барселона. Тој договор може да пропадне доколку Барса го врати Лионел Меси, истакнуваат шпански извори.
Заинтересиран за него е и Арсенал, но и Милан, а наводно има понуда и од Саудиска Арабија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ројтерс: Винисиус останал без наградата поради неговата борба против расизмот?
Златната топка, односно фактот што Винисиус Жуниор не е лауреат оваа година, се уште е тема на светските медиуми. Наградата за најдобар, му припадна на играчот од средниот ред Родри, кој со шпанската репрезентација го освои Европското првенство и со Манчестер сити Премиер лигата.
Многумина мислат дека овој избор му нанел неправда на Бразилецот кој со Реал Мадрид ги освои Лигата на шампионите и шпанското првенство, а особено го мислат тоа во Реал, поради што ја бојкотираа церемонијата во Париз.
Винисиус смета дека причината поради која е втор, а не прв во гласањето на новинарите за добитник на наградата е неговата борба против расизмот.
Тоа го пишува „Ројтерс“, повикувајќи се на луѓе блиски до 24-годишниот напаѓач.
„Ова ќе го направам уште десет пати. Тие не се подготвени“, беше пораката што Винисиус ја објави на социјалните мрежи откако не го освои трофејот.
„Ројтерс“ ги контактирал луѓето кои раководат со неговата кариера за да го дознае одговорот на прашањето што точно значи пораката.
Одговорот е дека Винисиус „се осврнал на својата борба против расизмот“, пишува „Ројтерс“ и додава дека контактираните мислат дека тоа е причината поради која не ја добил наградата.
„Фудбалскиот свет не е подготвен да прифати играч кој се бори против системот“, цитира соговорник од кругот на луѓе кои раководат со кариерата на играчот, кој е честа мета на расистички скандирања на натпреварите во Шпанија.
Спорт
Познат составот на групите за завршниот ВТА турнир во Ријад
Ждрепката го одреди составот на групите за завршниот ВТА турнир во сезоната. Најдобрите осум тенисерки за титулата на завршниот Мастерс ќе се борат од 2 до 8 ноември ќе се игра во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад.
Во „виолетовата“ група ќе играат Белорусинката Арина Сабаленка, Италијанката Јасмин Паолини, Јелена Рибакина од Казахстан и Кинвен Женг од Кина.
Во „портокаловата“ група ќе играат бранителката на титулата, Ига Швјонтек од Полска, Американките Коко Гоф и Џесика Пегула и Барбора Крејчикова од Чешка.
најдобрите две од секоја група ќе се пласираат во полуфиналето. Наградниот фонд е 15,25 милиони долари.
The draw for the WTA Finals in Riyadh is out.
Purple Group 💜
Aryna Sabalenka
Jasmine Paolini
Elena Rybakina
Qinwen ZhengOrange Group 🧡
Iga Swiatek
Coco Gauff
Jessica Pegula
Barbora KrejcikovaLet’s go, ladies. pic.twitter.com/8IOuCyfbuS
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) October 29, 2024
Спорт
„Големата тројка владееше затоа што растеше без паметни телефони?“
Доминик Тим се пензионираше минатата недела, а сега во интервју за подкастот „New Lifestyle“ на Сајмон Мунди, презентираше интересна теорија за доминацијата на големата тројка, како и на некои други спортисти:
„Мислам дека не е случајно што се родени неколку неверојатни спортисти меѓу 1981 и 1987 година“, истакна поранешниот шампион на Ју-ес опен и дополни: „Роџер Федерер, Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Луис Хамилтон, Новак Ѓоковиќ, Енди Мареј, Рафаел Надал, Леброн Џејмс се родени во тој период, додека Том Брејди и Мајкл Џордан се малку повозрасни“.
Тим е роден во 1993 година, а неговата теза е дека споменатите великани пораснале пред ерата на паметните телефони, па можеле целосно да бидат фокусирани на тренинзите. Многу експерти сметаат дека влијанието на интернетот е негативно врз децата.
„Не верувам дека е случајност, но можеби ние како прва генерација која почна да користи смартфони имавме проблеми со концентрацијата, бидејќи тие негативно влијаат на фокусот“, објаснува Австриецот.
Тим потоа ги спореди најголемите асови во тековната сезона: „Можеби има логика, а можеби нема, но се очекува Карлос Алкараз и Јаник Синер да освојат многу Грен слемови. Можеби нивната генерација е веќе навикната на паметните телефони, па им е полесно да се фокусираат на подолг временски период. Кој знае, но темата е многу интересна. Сè во животот е толку брзо овие денови, одвреме-навреме се исклучуваме и затоа е добро да се вратиме“.
Тим истакна дека менталната снага на теренот е исто толку важна како и техниката.
-„е важно да останете во моментот кога сте 12-годишно момче кое игра пред празни трибини и како финалист на Грен слем во професионална конкуренција пред преполн стадион. Новак одлично го објасни тоа на почетокот на годината, кога рече дека клучно е како поминуваш низ тешките моменти. Луѓето треба да бидат свесни за тоа, бидејќи кога сте во неизвесна ситуација во тенисот, тоа е огледало на животот на многу начини“.