Спорт
Прво во војска, потоа трансфер во Јунајтед
Јужнокорејскиот фудбалер Мин-џае Ким ќе премине од Наполи во Манчестер јунајтед, пренесува „Ил Матино“. Според овој извор, Јунајтед ја активирал откупната клаузула од 60.000.000 евра за еден од најдобрите стопери во Европа минатата сезона.
Ким беше еден од клучните играчи на Наполи кој ја освои шампионската титула прв пат по 33 години.
Со оглед на неговите настапи и висината на клаузулата, беше јасно дека тој нема да остане долго во Неапол.
Сепак, Ким нема веднаш да се пресели на „Олд Трафорд“, поради обврските кон татковината.
Летото ќе го помине во Јужна Кореја каде ќе го отслужи задолжителниот воен рок.
Неговиот сонародник Хеунг-мин Сон од Тотенхем направи нешто слично во 2020 година, за време на паузата поради коронавирусот.
Сон помина три недели на островот Џеџу, па Ким веројатно ќе биде во војска само дваесетина дена.
Минатото лето Ким пристигна во Наполи од Фенербахче за 18 милиони евра, како замена за Калиду Кулибали кој замина во Челзи.
Наиде на многу скептицизам, а на крајот беше прогласен за дефанзивец на сезоната во Серија А.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Аталанта избори место во ЛШ
Аталанта следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Тимот од Бергамо на тој начин им се приклучи на Интер, Милан, Јувентус и Болоња со оглед дека Италија ќе има пет претставници во елитата.
Аталанта во претпоследното коло победи во Лече со 2:0.
Гостите пропуштија можности преку Пашалиќ во шестата, Скамака во 27. кога ја погоди гредата, Запакоста во 39. минута …
Сепак, во вториот дел, тимот од Бергамо постигна два гола, поведе преку Де Кетеларе во 48. минута, а само пет минути подоцна Скамака го постави конечниот резултат.
На две кола пред крајот Аталанта има шест бода повеќе од шестопласираната Рома, но и подобар меѓусебен скор, па теоретски си го обезбедија пласманот во Лигата на шампионите, додека Лече е во сигурната зона.
Спорт
Шампионот загуби од Шкупи, Шкендија избори квалификации во КЛ, Вардар ќе игра бараж за опстанок
Фото/ fcstruga.com
Спуштена е завесата на сезоната 2023/2024 во Првата македонска фудбалска лига. Струга ја одбрани титулата, а второто место го освои Шкендија.
Струга во претходното коло, со победата над Шкендија ја одбрани титулата, па за овој тим дуелот со Шкупи на домашен терен немаше никаква важност. Шкупи победи во Струга со 2:1.
Головите за Шкупи ги постигнаа Рамани во деветата и Аворњо во 51 минута. Голот за шампионот го постигна Шабани во 30. минута. изедначи на 1-1.
Шкендија во Скопје го победи Работнички со 2:0. Стрелци беа Красниќи во 34. минута и Аганспахиќ во 72. минута. Со овој триумф Шкендија се избори за место во квалификациите за Конференциската лига.
Од лигата испаднаа Брегалница и Македонија ЃП, а бараж за опстанок ќе игра Вардар.
Резултати, 33. коло:
Струга Трим Лум – Шкупи 1-2
Работнички – Шкендија 0-2
Вардар – Тиквеш 2-2
АП Брера – Македонија ЃП 5-3
Брегалница – Силекс 1-1
Воска спорт – Гостивар 1-1
Табела:
Спорт
(Видео) Марко Ројс со гол се прости од „Вестфален“
Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс постигна гол на својот последен натпревар за „милионерите“ во Бундеслигата.
Тимот од „Вестфален“, го пречека тимот од Дармштад кој одамна испадна од Бундес лигата и славеше со 4:0.
Ројс не можеше да има подобро збогување од навивачите. го постигна вториот гол во 18.минута.
Марко Ројс својот последен меч за Борусија Дортмунд ќе го одигра на „Вембли“, кога „милионерите“ во финалето на Лигата на шампионите ќе се сретнат со Реал Мадрид.
MARCO REUS https://t.co/v1V07JgTsH pic.twitter.com/tuK5kmytzp
— MUFTI MESSI🇰🇲 (@FahadPulga) May 18, 2024