Македонија
Мицкоски пред лидерската: Ковачевски лаже дека изборот е интеграција или изолација
Ковачевски кога ќе каже интеграција всушност мисли уставни измени и прифаќање на бугарските диктати кои оваа држава и народ ги отфрла како понижувачки, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во пресрет на лидерската средба на која со премиерот Димитар Ковачевски ќе разговараат за измените во Уставот, со цел внесување на Бугарите и почеток на преговорите со ЕУ.
Мицкоски од Прилеп порача дека измама претставува тезата на Ковачевски оти изборот е помеѓу интеграција или изолација. Вели дека ниту еден фактор во оваа држава не посакува изолација која веќе ја имаме и не може да се донесе нешто што веќе го живееме.
Ја обвини власта дека покажува сервилност пред светот, и наместо да ја кодошат опозицијата и да се молат да им прават притисоци кои се неприфатливи, треба да бараат од светот да добиеме подобри услови и фер шанса.
„Ковачевски како премиер да побара од истата Европска унија, Бугарија да примени барем неколку од над десетината правосилни пресуди од судот за човекови права кој нотира кршење на правата на Македонците во Бугарија“, кажа Мицкоски.
Според него, голема грешка овие години е тоа што крупните одлуки во земјата беа носени без единство и целосна согласност на опозицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

