Свет
Захарова: Уривањето на браната „Каховка“ треба да биде предмет на истрага во целиот свет
Ситуацијата со уривањето на хидроенергетската брана „Каховка“ треба да биде предмет на проучување и истрага во целиот свет, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Ова повеќе не е тема на денот или неделата, туку се става во историски контекст. Зборувам за она што се случи вчера во ‘Каховка’. Тоа навистина треба да стане тема за проучување и истражување во целиот свет“, нагласи Захарова.
Таа посочи дека реакцијата на Западот во сите слични ситуации е „целосно предвидлива“ истакнувајќи дека е бескрајна желба да се обвинува Русија за сè што се случува, без разлика дали тоа навистина се случило или е плод на имагинација.
Захарова појасни дека сето тоа е дел од информативната и психолошката војна со Русија со цел да се задржи хистеричниот став на Западот, пренесе ТАСС.
Градоначалникот на Нова Каховка, Владимир Леонтиев, претходно за „Спутник“ изјави дека горниот дел на хидроцентралата „Каховка“ во руската област Херсон е уништен при гранатирање, а самата брана не е уништена.
Шефот на воената управа на регионот Херсон, Александар Прокудин, изјави дека над 1.300 куќи се потопени во делот на Херсонската област, која е под контрола на Киев.
Премиерот на Херсонската област, Андреј Алексејенко, изјави дека поради уривањето на хидроцентралата „Кахово“, практично целиот град Алјоша е под вода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

