Црна хроника
Малолетен кавадарчанец нападнал жена и ѝ го украл паричникот
Малолетник од Кавадарци, кој е штитеник на мал групен дом, бил приведен поради напад врз жена и грабеж.
„На 7.6.2023, во 11 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода малолетник од Кавадарци. Тој се сомничи дека претходно физички нападнал жена од Кавадарци и ѝ го одзел паричникот. Тој исто така бил пријавен дека на 30.5.2023 се оддалечил од мал групен дом при Центарот за социјални работи Кавадарци, чиј штитеник е“, велат од МВР.
Малолетникот бил предаден на социјален работник од Центар за социјални работи Кавадарци и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Уапсен е возачот кој денеска со „пасат“ усмрти велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје и побегна од местото
Денеска (03.11.2025) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Х.К.(37) од Скопје.
Тој околу 12:30 часот на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје со патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, удрил во велосипед управуван од Ј.Ќ.(78) од Скопје, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот.
По несреќата, возачот на возилото „пасат“ го оставил возилото и заминал од местото на настанот, но по преземени мерки од страна на полициски службеници, тој е пронајден и лишен од слобода, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Маж од Охридско агресивно се однесувал кон неговиот татко
Во СВР Охрид, вчера во 17:10 часот е пријавено дека Ж.Ш. од охридско село, во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговиот татко.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Ја малтретирале малолетната ќерка: кривична пријава за две лица од Дебар
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против В.Б.(21) и Б.Б.(19), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“.
На 13.10.2025 на улица „Јусуф Грвала“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар ја затекнаа В.Б. како со нејзината малолетна ќерка вршат питачење, а во нивна близина бил Б.Б..
Двајцата беа лишени од слобода и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот поднесена им е пријавата, соопшти полицијата.

