Европа
Бугарија ќе го тужи „Газпром“ поради прекинот во испораката на гас
Бугарското Министерство за енергетика подготвува арбитражна тужба против руската државна гасна компанија „Газпром“ за прекин на испораката на гас во април 2022 година откако Бугарија одби да плаќаи во руски рубли, објави во вторникот министерот за енергетика на бугарската привремена влада, Росен Христов, пренесува „Еурактив“.
Бугарија и Полска беа првите земји членки на ЕУ кои претрпеа намалувања на рускиот гас откако одбија да платат во рубли и да ги прекршат договорите деноминирани во долари.
Арбитражниот случај беше најавен неколку часа пред да се замени владата со нова, редовно избрана влада поддржана од проевропските партии.
Преодната влада на претседателот Румен Радев во последните десет месеци покажа јавна пасивност по прашањето за барање компензација за прекинот на испораките на руски гас, што ѝ нанесе голема штета на бугарската економија и доведе до пораст на инфлацијата.
Владата на Радев првично се обиде да преговара за обновување на снабдувањето.
Поради прозападниот профил на новата влада, постојат очекувања дека таа ќе покаже многу поголема активност и ќе ги изнесе финансиските побарувања на Бугарија кон „Газпром“ пред арбитражниот суд.
Христов рече дека се обидел да ги обнови контактите со „Газпром“ и побарал да се врати снабдувањето со гас, но руската компанија одбила да даде јасен одговор.
Во март годинава администрацијата на Христов извести дека не била донесена одлука за иницирање арбитражен случај против „Газпром“, ниту биле преземени чекори за подготовка на арбитражно побарување.
Меѓународниот арбитражен адвокат Методи Бајкушев вчера ја критикува бугарската влада за нејзината пасивност кон „Газпром“ и предупреди дека Русија може да го искористи случајот на хибридна операција за да ја дестабилизира новата прозападна влада.
„Загрижен сум дека еден од нападите против новата влада може да дојде од ‘Газпром’, при што тие први ќе ја тужат Бугарија. Очигледно е дека Русија нема проблем да го спроведе ова како хибридна операција, без разлика на тоа дали ќе го изгуби таквиот случај“, истакна Бајкушев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Пукање кај израелската амбасада во Стокхолм, неколкумина уапсени
Шведската полиција приведе неколку лица и опколи област во Стокхолм откако патрола слушнала наводен истрел, соопшти полицијата во петокот, а израелската амбасада е во опкружената област.
„Полициска патрола во Страндваген во Стокхолм слушнала звуци и се посомневала дека има пукање“, објави полицијата на својата веб-страница.
Неколку лица се уапсени и поведена е истрага поради сомнение за тешко вооружено злосторство, додаваат тие.
„Во врска со истрагата, која е во тек, сознанијата го потврдуваат сомнежот дека имало пукање“, се наведува во објавата на полицијата на својата веб-страница.
„Ројтерс“ сѐ уште не може да добие коментар од полицијата или израелската амбасада.
Шведската новинска агенција ТТ соопшти дека полицијата одбила да коментира дали има врска меѓу инцидентот и израелската амбасада.
Европа
Орбан: Фицо е меѓу животот и смртта
Словачкиот премиер Роберт Фицо е меѓу животот и смртта два дена по атентатот што ја шокира Европа, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тоа беше првиот голем атентат на европски политички лидер во повеќе од 20 години и наиде на меѓународна осуда.
Политичките аналитичари и пратеници велат дека тоа ја разоткри сè пожешката и поларизирана политичка клима во Словачка и во Европа.
„Се молиме за премиерот и навиваме за Словачка“, рече Орбан. „Му посакуваме брзо закрепнување и враќање на работа. Роберт Фицо е меѓу животот и смртта“.
Орбан рече дека дури и ако Фицо закрепне, тој нема да работи со месеци во критично време пред изборите за Европскиот парламент на почетокот на следниот месец.
„Ни претстојат избори што ќе одлучуваат не само за пратениците во Европскиот парламент туку заедно со изборите во САД тие може да ги одредат текот на војната и мирот во Европа“, рече Орбан.
„Во таа ситуација навистина ќе ни требаат Роберт Фицо и Словачка, која се залага за мир“, додаде тој.
Европа
(Видео) По масовните напади на Крим, сателитските снимки откриваат уништени руски авиони и оштетени згради
Сателитските снимки до кои дојде Си-ен-ен покажуваат три уништени руски авиони и оштетени згради во воздухопловната база Белбек во Севастопол во средата. Станува збор за пресретнувачи „микојан миг-31“ и борбени авиони „сухој су-27“.
Сателитските снимки од Максар покажуваат два изгорени авиона на главната писта кај Белбек, а третиот е паркиран на заштитен насип. Сателитските снимки покажуваат и уништена зграда во близина и друга која претрпела значителна штета.
On @Maxar imagery, two MiG-31s and one Su-27 have been completely destroyed, and a MiG-29 damaged, at the Russian Air Force’s Belbek Airbase in occupied Crimea. A fuel storage near the main airbase runway was also destroyed, and debris continued to burn in the aftermath. https://t.co/ZWflMYUFVw pic.twitter.com/80N56MRP2h
— Christiaan Triebert (@trbrtc) May 16, 2024
Михаил Развозаев, гувернерот на Севастопол назначен од Русија, утринава преку „Телеграм“ изјави дека Русите „успешно одбиле масовен непријателски напад врз Севастопол“. Вторпат Белбек е цел на Украинците во последните 48 часа.
Запрашан за украинскиот напад на Белбек, Дмитро Плетенчук, портпарол на украинската војска, вчера изјави: „Во моментот не можеме да објавиме никакви детали бидејќи во овој момент нема проверени информации“.