Спорт
Наследникот на Бензема стана рекордер во Копа Либертадорес
Бразилскиот вундеркид, Ендрик стана рекордер во Копа Либертадорес со голот за Палмеирас против еквадорска Барселона. Натпреварот заврши со победа на Палмеирас со 4:2, а Ендрик во 86. минута го постигна последниот гол на натпреварот. Ендрик со 16 години и 322 дена стана најмладиот стрелец во историјата на ова натпреварување.
Реал Мадрид го купи Ендрик за 35 милиони евра уште пред тој да наполни 16 години, но според договорот ќе остане во Палмеирас да остане до летото 2024 година.
Неговите настапи будно се следат во Мадрид бидејќи тој треба да го наследни Карим Бензема кој замина во Ал-Итихад во Саудиска Арабија. Ендрик, заедно со сонародниците Винисиус и Родриго, во блиска иднина треба да ја формираат напаѓачката тројка на Реал.
At 16 years and 322 days, Endrick becomes the youngest player to score a goal in the Copa Libertadores.
— Mikael Madridista (@MikaelMadridsta) June 8, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Спортистка му напиша на професорот зошто не ја предала задачата: „На Олимпијада сум“
Канадската спортиска во уметничко лизгање, Маделин Шизас, која настапува на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, побарала од професорот по социологија да ѝ го продолжи рокот за домашна задача – со „најдобрата можно изговор“: „На Олимпијада сум!“
На Инстаграм објави скриншот од мејлот што го пратила, со линк за доказ дека е дел од Олимписките игри, и коментар: „LOLLLL, обожавам да бидам студентка-спортист“.

„Професорот сè уште не ми одговори, ама сабота е“, изјавила таа за CBC. И додала: „Искрено, не мислев дека ова ќе стане вирално. Само ми беше смешно.“
Иако признава дека „имала цел ден слободен до 17 часот“, сепак не ја напишала задачата. „Се насобраа обврски“, вели таа.
Шизас има 22 години, студира на Универзитетот МекМастер, и веќе има искуство од Олимпијадата во Пекинг 2022, каде што заврши 18-та во индивидуалната конкуренција.
Спорт
Со титаниумско колено и срце на шампион: Линдзи Вон со последен настап во кариерата
Американската скијачка Линдзи Вон, една од најдобрите алпски скијачки на сите времиња, ќе настапи за последен пат во својата професионална кариера.
Линдзи, која има 41 година, претрпе тешка повреда на коленото непосредно пред почетокот на Зимските олимписки игри, но сепак ќе се појави на стартната линија во недела во 11:30 часот, за своeто последно спуштање.
На „Инстаграм“ таа објави емотивна порака и потврди дека ѝ доаѓа крајот на кариерата:
„Уште еден, последен спуст…
Самото доаѓање на овие Олимписки игри беше патување само по себе – патување во кое некои не веруваа од самиот почеток. Бев во пензија шест години и, благодарение на делумна замена на колено, добив уште една можност да се натпреварувам.
Но, зошто? Сите ми го поставуваат тоа прашање. А мислам дека одговорот е едноставен – затоа што го сакам алпското скијање.
Не се плашам од животот надвор од спортот. Не барам смисла, внимание или пари. Точно знам која сум и од што сум создадена. Јас сум производ на неверојатни родители кои ми покажаа дека трудот и упорноста се исплатат. Мајка ми, која сега бдее над мене, ме научи на силата на позитивното размислување и отпорноста. Татко ми, кој утре ќе биде на трибините со семејството и пријателите, ме научи на вредноста на работата и менталната сила.
Утре ќе стојам на стартната линија знаејќи дека сум силна. Знаејќи дека верувам во себе. Знаејќи дека шансите се против мене – поради годините, затоа што немам преден вкрстен лигамент и имам титаниумско колено – но знаејќи и дека сè уште верувам. А токму тогаш, кога шансите се најмали, обично извлекувам најдобро од себе.
Утре ќе ја возам својата последна олимписка спуст-трка и, иако не можам да ветам добар резултат, можам да ветам дека ќе дадам сè од себе. А без оглед на исходот – јас веќе победив.
Брановите љубов и поддршка што ги добив овие денови беа совладувачки – на најубав можен начин. Ми дадоа енергија и ми помогнаа повеќе од што можам да опишам. Ви благодарам.“ – напиша Линдзи Вон.
Спорт
(Видео) Само Вестбрук е пред Јокиќ на вечната чиста
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ забележа трипл-дабл учинок во победата на Денвер Нагетс над Чикаго (136:120).
Во натпреварот против Чикаго, Јокиќ имаше 22 поени, 17 асистенции, 14 скока, четири блокади и една украдена топка.
Србинот го забележа 182-от трипл-дабл кариерата, во регуларниот дел од сезоната, што го смести на второто место на „вечната“ листа.
Тој го помина Оскар Робертсон, а сега пред него е само Расел Вестбрук (207).
Следната можност за трипл-дабл ќе биде во вторник, кога Денвер го чека Кливленд.
Неговиот просек оваа сезона е импресивен: 29,1 поени, 12,1 скокови и 10,5 асистенции.
Интересно во победата во Чикаго, Јокиќ не беше најефикасен, пред него неа Џамал Мареј со 26 и Тим Хардавеј Џуниор со 23 поени.
Foto/ depositphotos

