Македонија
Награди и признанија за скопските матуранти првенци на генерација
Градоначалничката Данела Арсовска додели признанија и парични награди на матурантите кои се првенци на генерацијата од 23 скопски средни училишта на традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“, што се одржа во кино Фросина, МКЦ.
„Со задоволство денеска го афирмираме училишниот успех на првенците на генерација во средните училишта на Град Скопје и оддаваме јавно признание за постигнатите резултати. Вие сте иднината на Скопје и Македонија, во вас гледаме успешни идни професионалци и пример за идните генерации средношколци – им порача Арсовска на првенците на доделувањето на наградите.
Матурантите добитници на годинешните награди и признанија се:
Мила Јаневска СУГС „Панче Арсовски“
Матеј Петревски СУГС „Васил Антевски – Дрен“
Ана Јаневска СУГС „Димитар Влахов“
Марија Мицевска СУГС „Димитар Влахов“
Ангела Сибиновска СУГС „Јосип Броз -Тито“
Јована Трајановска СУГС „Владо Тасевски“
Миа Шутева СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“
Филип Бојаџиевски СУГС „Орце Николов“
Ефра Емини СУГС „Марија Кири – Склодовска“
Кристијан Зафировски СУГС „Марија Кири – Склодовска“
Ана Даневска СУГС „Д-р Панче Караѓозов“
Даниела Павловска СУГС „Браќа Миладиновци“
Лука Чарапиќ СУГС „Георги Димитров“
Фросина Тодорова СУГС „Георги Димитров“
Ендрит Шаќири СУГС „Зеф Љуш Марку“
Никола Рисафов СУГС „Боро Петрушевски“
Јане Јанкулоски СУГС „Боро Петрушевски“
Леон Али СУГС „Шаип Јусуф“
Фатиме Красниќ СУГС „Шаип Јусуф“
Исра Реџепи СУГС „Арсени Јовков“
Андреј Петковски СУГС „Никола Карев“
Беким Хашани СУГС „8-ми Септември“
Никола Мирковски СУГС „Лазар Танев“
Дамјан Цветановски СУГС „Лазар Танев“
Јован Колевски СУГС „Михајло Пупин“
Дарија Дамевска Идриз СУГС „Здравко Цветковски“
Никола Дивјак СУГС „Кочо Рацин“
Зерина Чупи СУГС „Цветан Димов“
Исра Љоки СУГС „Сарај“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уапсени возачи од Скопје и Куманово, возеле без возачка, одземени им се возилата
Полицијата уапси двајца возачи од Скопје и Куманово, возеле без положен возачки испит, одземени им се возилата.
Попладнево во 12:40 часот на патот Куманово-с. Липково, полициски службеници го лишија од слобода Ш.А.(31) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Ш.А. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
На 03.02.2026 во 13:00 часот на улица „Јустинијан први“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода И.Џ.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. И.Џ. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ.
Македонија
Партиите со осуда за нападот врз новинарот Видиновски
Политичките партии го осудија нападот врз новинарот Александар Видиновски.
„Ги осудуваме нападите врз новинарот Александар Видиновски, кои се последица на бугарскиот национализам и шовинизам. Нападот врз новинарот Видиновски е напад врз слободата на говор и врз медиумите, од страна на структури кои разгоруваат омраза, а се мотивирани од бугарскиот национализам. Сите напади како овој врз новинарот Видиновски го разјадуваат општеството и ја подгреваат омразата, и мора веднаш да престанат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Осуда стигна и од ЛДП.
„Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро го осудува однесувањето на онлајн насилниците со коментари исполнети со говор на омраза кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски. Ваквиот начин на изразување и на воспоставување дијалог не е воопшто соодветен за било кое демократско општество. Ја изразуваме нашата поддршка за Видиновски, бараме независното новинарство да остане независно од секакви влијанија и бараме брза реакција на институциите за расчистување на случајот“, велат од ЛДП.
Македонија
Македонија и ОАЕ потпишаа Меморандум за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Дубаи оствари билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, во чии рамки беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата.

„Со Меморандумот се воспоставува институционална рамка за систематска соработка насочена кон унапредување на јавните политики, јакнење на административните капацитети, дигитална трансформација и примена на иновативни модели на управување“, соопштија од МНР.
Од таму додаваат дека потпишувањето на документот отвора нови можности за размена на знаења, експертиза и добри практики, како и за реализација на заеднички активности и проекти во области од заемен интерес, со цел зголемување на ефикасноста и квалитетот на владините услуги.
На средбата станало збор и за можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Скопје и Обединетите Арапски Емирати. Воедно бил направен сеопфатен преглед на билатералните односи, при што биле разгледани можностите за нивно натамошно продлабочување. Посебен акцент бил ставен на унапредувањето на политичката соработка, јакнењето на економските врски и интензивирањето на трговската размена меѓу двете земји.
Двете страни ја потврдиле заедничката определба за натамошно зајакнување на партнерските односи и развој на конкретни иницијативи кои ќе придонесат за одржлив економски раст, институционална ефикасност и продлабочена соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

