Спорт
Алегри ќе остане тренер на Јувентус: „Плановите се долгорочни, имаме силна релација“
Италијанскиот калчолигаш Јувентус ќе го задржи Масимилијано Алегри на клупата и следната сезона, објави генералниот менаџер на „старата дама“, Маурицио Сканавино.
Стратегот има долгорочен договор, а Јувентус нема да биде дел од Лигата на шампионите после тешката сезона и одземените десет бода поради финансиски малверзации.
„Никогаш не сме размислувале за разделба со Масимилијано Алегри. Нашите планови со Алегри се долгорочни, имаме силна релација, а во моментов решаваме прашања поврзани со тимот и летната селекција“, изјави Сканавино.
Италијанските медиуми изминатите денови шпекулираа дека можеби Масимилијано Алегри ќе биде нов тренер на актуелниот шампион Наполи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Диало го продолжи договорот со Манчестер јунајтед
Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Амад Диало го продолжи договорот со клубот од „Олд Трафорд“. Новиот договор што го склучија двете страни ќе биде со важност до летото 2030 година.
Претходниот договор за соработка истекуваше на крајот од сезоната, но Диало претходно јасно посочи дека приоритет му е да остане во клубот.
Диало сезонава е еден од најдобрите играчи на „црвените ѓаволи“, има учинок од шест гола и седум асистенции.
Диало пристигна во Манчестер јунајтед од Аталанта во 2021 година. Во меѓувреме, тој беше позајмен на Ренџерс и Сандерленд, пред да се наметне во првиот тим на ѓаволите.
Со новиот договор, фудбалерто доби значително покачување на платата, наместо досегашните 30.000 ќе заработува 120.000 фунти неделно.
Спорт
Евертон го отпушти Шон Дајч
Англискиот стратег Шон Дајч повеќе не е менаџер на Евертон, официјално потврдија од клубот.
Евертон е на 16. место на табелата во Премиерлигата со 17 бодови, само еден бод го дели од опасната зона.
Дајч го презеде тимот на Ливерпул на почетокот на 2023 година. Тој го водеше тимот на 83 натпревари, со биланс од 26 победи, 24 нерешени и 33 порази.
„Карамелите“ забележаа само еден триумф во претходните 11 натпревари, но успеаја да останат непоразени во три кола, во дуелите со фаворизираните Арсенал, Челзи и Манчестер сити во текот на декември.
Според англиските медиуми, по десет години на клупата на Евертон ќе се врати Дејвид Мојес.
Спорт
Ѓоковиќ за притворот во Мелбурн: Ме отруја со храна
Секое враќање на Новак Ѓоковиќ во Австралија, покрај неговите незаборавни десет титули на теренот, буди и спомени од се она што се случуваше во 2022 година, кога тенисерот беше сместен во зграда која властите сакаат да ја нарекуваат хотел, но всушност е затвор за илегални имигранти. Потоа Ѓоковиќ беше депортиран од Мелбурн.
По пристигнувањето во Мелбурн, српскиот ас даде интервју за познатиот магазин „GQ“ и откри дека добил „сувенир“ пред три години, кога австралиските власти го депортираа.
„Кога дојдов дома имав здравствени проблеми и сфатив дека сум отруен од храна во тој хотел“, изјави Ѓоковиќ за магазинот од Њујорк.
„Ова никогаш не го кажав јавно, но кога се вратив во Србија открив дека во моето тело има високо ниво на тешки метали. Имав високи нивоа на олово и жива во себе“, додаде Ѓоковиќ.