Свет
Maж фрли бомба меѓу 500 луѓе на погреб во Германија, толпата го бркаше и го фати

Неколку лица се повредени откако експлозивна направа беше фрлена во толпа од 500 луѓе собрани на погреб во југозападниот германски град Алтбах.
Полицијата, државното биро за криминалистичка истрага и канцеларијата на државниот јавен обвинител објавија детали за нападот. Според полицијата, 23-годишен маж се приближил и фрлил непознат предмет во толпата.
Пет лица се полесно повредени и им е укажана помош во болница. Присутните го бркале осомничениот и до тој степен го претепале што бил пренесен во болница.
Полицијата примила неколку итни повици за експлозија, на кои реагирале голем контингент полиција, брза помош и пожарникари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Очекувам да се сретнам со Доналд Трамп во следните два месеци

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се надева дека ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во следните два месеци.
„Очекувам да ја имам таа средба. Тој е премногу зафатен, секогаш е можно нешто да се смени, датумот се уште не е одреден, но знаете дека јас сум многу внимателен кога зборувам за тоа. Тоа би било огромна чест за нашата Србија и верувам дека е изводливо“, изјави Вучиќ.
Зборувајќи за вчерашниот телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, како и за нивната средба во април, Вучиќ рече дека секогаш имаат неколку важни теми за разговор.
„Вчера поминавме низ неколку важни теми. Понекогаш разговараме ненадејно. Како што оди по државен протокол, тоа е закажано и се чека пет до седум дена“, рече Вучиќ.
Свет
Белата куќа: Секоја земја која неправедно се однесува кон САД ќе биде цел на дополнителни царини

Секоја земја што неправедно се однесува кон САД треба да очекува дека ќе биде цел на дополнителни царини, соопшти денеска Белата куќа, два дена пред американскиот претседател Доналд Трамп да ги објави, како што рече, сеопфатните, реципрочни царини.
„Секоја земја што се однесуваше неправедно со американскиот народ треба да очекува да добие царина во среда како реципрочна мерка“, им рече на новинарите портпаролката на Белата куќа Каролин Левит, одбивајќи да даде дополнителни детали, според Ројтерс.
На прашањето дали ќе има исклучоци за земјоделците, таа рече дека „во овој момент нема исклучоци“.
Свет
Силен земјотрес ја погоди Индонезија, се стравува од повредени

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 17:54 часот во Индонезија.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина -10,1246 и географска должина 119,0393.
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓал на длабочина од приближно 37 километри под површината на земјата во близина на островот Сумба.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Во Мјанмар минатата недела беше регистриран разорен земјотрес со јачина од 7,7 степени.