Спорт
Гвардиола испиша историја во ЛШ

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, вечерва во Истанбул испиша историја во Лигата на шампионите.
Манчестер сити ја освои титулата со победата над Интер (1:0). Единствениот гол го постигна Родри во 68.минута.
Сити сезоната ја заврши со три трофеи. Претходно Гвардиола и неговите играчи ги освоија ФА купот и Премиер лигата. Манчестер сити го повтори успехот на градскиот ривал Јунајтед од 1999 година.
Верувале или не, со оваа тројна круна, Пеп Гвардиола стана единствениот тренер во историјата кој имал две триплети со два различни тима.
Првата триплета ја освои во сезоната 2008/09 со Барселона.
Pep Guardiola is the first manager in European football history to complete the treble TWICE.
Barcelona (2008/09)
🏆 LaLiga
🏆 Copa del Rey
🏆 UCLMan City (2022/23)
🏆 Premier League
🏆 FA Cup
🏆 UCLThe Double Treble™ pic.twitter.com/98H60CDbaV
— Squawka (@Squawka) June 10, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дон Карло заминува, на „Бернабеу“ доаѓа Чаби Алонсо

Карло Анчелоти по завршувањето на сезоната ќе го напушти Реал, на неговото место ќе дојде поранешниот фудбалер на овој клуб Чаби Алонсо.
Соработникот на шпанскиот портал „Релево“, Матео Морето, презентираше информации за Чаби Алонсо и неговиот договор постигнат со Реал Мадрид.
Тренерот на Баер Леверкузен претходно беше споменуван како следен тренер на Реал Мадрид, а сега е потврдено дека е блиску до официјален договор со тимот чиј дрес го носеше под водство на Анчелоти.
„Алонсо ќе одржи состанок со раководството на Баер Леверкузен во наредните денови за да ги информира дека го напушта Леверкузен и се сели во Мадрид“, објави Морето.
Анчелоти ќе се посвети на бразилската фудбалска репрезентација, која ќе ја предводи на Светското првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико.
Беше објавено дека тој нема да го предводи Реал на Светското клупско првенство, кое ќе се игра од 14 јуни до 13 јули во САД.
Затоа раководството на Реал сака што побрзо да го „заврши“ Алонсо, кој е во Леверкузен од октомври 2022 година.
Првата сезона ја заврши на шестото место, а следната сезона како шампион, поради што стана една од иконите на Баер Леверкузен.
Исто така, во 2024 година, тој ја комплетираше „двојната круна“, односно стигна до финалето на Лигата на Европа, кое го загуби од Аталанта (0:3).
Спорт
Интер без Павар против Барселона

Фудбалерот на Интер, Бенжаман Павард, ќе го пропушти првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Барселона поради повреда на левиот глужд, објавија италијанските медиуми.
Павар се повреди во неделата за време на првенствениот натпревар против Рома (0:1) и нема да патува за Шпанија, објавија „Газета дело Спорт“ и „Скај Италија“.
Францускиот фудбалер се повреди при дуел со противнички играч. Откако доби помош, тој се обиде да ја продолжи играта, но набрзо мораше да го напушти теренот.
Италијанските медиуми објавија дека Маркус Тирам, кој ги пропушти последните три натпревари поради повреда на мускулот, би можел да се врати во тимот на Интер.
Во последните осум дена, Интер претрпе три порази, во првенството против Болоња (0:1) и Рома (0:1) и во реваншот од полуфиналето на Купот против Милан (0:3).
До минатата недела, Интер беше во трка за тројната круна, но по елиминацијата од Купот, тоа веќе не е можно.
Тимот се бори за два трофеи, во Лигата на шампионите и во Серија А, во која, по два последователни порази, падна на второто место на табелата со 71 бод, три помалку од водечкиот Наполи.
Првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Интер и Барселона ќе се игра во вторник од 21:00 часот во Шпанија.
Во второто полуфинале, во вторник во Лондон, Арсенал го пречекува Пари Сен Жермен во 21:00 часот.
Спорт
Сака ќе го продолжи договорот со Арсенал

Букајо Сака ќе ја продолжи соработката со Арсенал во следните неколку дена.
Најголемата ѕвезда на тимот од Лондон се согласи да потпише нов договор со тимот за кој игра практично целиот свој живот.
Се очекува веста наскоро да биде официјализирана, како и финансиските детали и време траењето на новиот договор.
Сака е во Арсенал од 2008 година, а потпиша професионален договор во 2018 година. Досега има одиграно 257 натпревари за „топџиите“.
Оваа сезона, тој има можност да го одведе Арсенал до финалето на Лигата на шампионите за прв пат од 2006 година.