Македонија
СДСМ: НЕ стана ДА, прифаќањето уставни измени од Мицкоски е за поздравување

СДСМ го предводи концептот за европска Македонија и работи за остварување на уште една стратешка национална и државна цел поставена уште од независноста: членство во ЕУ до 2030 година, истакнуваат од владејачката партија.
„Имаме историска шанса и силна поддршка од нашите стратешки партнери ЕУ и САД и сега време за последниот чекор, да го продолжиме европскиот пат. Понудивме рака и на опозицијата за дијалог и шанса и тие да се приклучат и сега имаме нов момент на политичката сцена во земјата и нова реторика. Христијан Мицкоски прифати уставни измени и тоа јавно го кажа на прес конференција по одржувањето на лидерската средба“, се додава во нивното соопштение.
Додаваат дека откако цела една година ДПМНЕ се противеа на процесот, организираа насилни протести, ширеа хистерија, носеа маички со натпис НЕ, за Мицкоски сега е прифатливо да има уставни измени, прифатено е учество во Влада со СДСМ и други партии.
„НЕ на Мицкоски, сега стана ДА, тоа е за поздравување и сега треба дијалогот да продолжи се до заокружување на процесот и обезбедување на европската иднина на државата“, се потенцира во напишаното од страна на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно со слаб северен ветер, попладне врнежи од дожд

Променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степен.
Во Скопје, променливо облачно со слаб северен ветер. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
До петок под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат обилни. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 l/m², а локално и над 50 l/m². Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, во четврток на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места. На повисоките планини ќе се формира снежна покривка.Температурата на воздухот значително ќе опадне. Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето со пораст на дневната температура
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка на булеварот Партизански Одреди бр. 59а, без вода ќе останат корисниците лоцирани на десната страна на потегот од булеварот 8-ми Септември до Франклин Рузвелт. (општина Карпош)
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
„Ајфонот е на братучед ми“ – Дудуш вели дека се сликал со телефонот за да го промовира бројот 17 за изборите

Градоначалникот на Шуто Оризари и кандидат за нов мандат, Курто Дудуш, објави дека фотографијата со „ајфон 17 про макс“ имала за цел да го промовира бројот 17 со кој ќе настапи со „Унија на Ромите“ на локалните избори.
За скапиот телефон, кој чини над 1.000 евра, Дудуш вели дека не е негов, туку на неговиот братучед, Алмир Дудуш – познат бизнисмен во Шуто Оризари.
Преку социјалните мрежи, Дудуш објаснува дека телефонот бил искористен како визуелен елемент за привлечност пред медиумите, при што, како што вели, медиумите веднаш загризале и се фокусирале на сликата, наместо на програмските идеи и проекти.
Дудуш наведува дека целта е остварена – бесплатна реклама на изборниот број.