Црна хроника
Приведен дрвокрадец во Скопско, сакал да ѝ побегне на полицијата

Вчера, во 15.15 часот, во населбата Драчево во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода И. Ш. (29) од с. Елово, Скопско.
Околу 11.00 часот, во атарот на с. Елово, тој бил затекнат при сеча на огревно дрво со моторна пила, а кога ги забележал полициските службеници – побегнал.
Дрвата и пилата биле одземени и предадени на Шумската полиција, а по преземените мерки, И.Ш. бил пронајден и лишен од слобода.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со „мицубиши“ удрил во малолетник, па во паркирано возило во Гевгелија

Вчера во 13:10 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на ул.„Моински пат“ во Гевгелија, патничко возило „мицубиши“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.С.(20) од Гевгелија, удрило во 11-годишен малолетник од Гевгелија, а потоа и во паркирано патничко возило „бмв“ со струмички регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди малолетникот, констатирани во Медицински центар Гевгелија.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Струмица.
Црна хроника
Скопјанец ранет со пиштол: соседи се испотепале поради недоразбирање во сообраќајот

Утрово околу 01:10 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен О.Е.(25) од Скопје.
Според пријавеното, околу 00:30 часот пред дворот од негова куќа на подрачје на Бит Пазар, поради недоразбирање во сообраќајот, настанала расправија помеѓу него и соседот Ќ.Ч., по што соседот физички го нападнал.
Како што е пријавено, после тоа Ќ.Ч. и лицата М.Ч., Ш.Ч., О.Ч. и Б.М. влегле во дворот на О.Е. и физички ги нападнале и неговиот татко и брат Д.Е. и М.Е., при што Ќ.Ч. извадил пиштол, пукал и го погодил О.Е. во градниот кош и раката.
Увид извршила екипа на СВР Скопје и на местото биле пронајдени три чаури. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Прегазено 11-годишно девојче од Скопје

Синоќа во 22:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(23) од Скопје, удрило во 11-годишна малолетничка од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.