Македонија
Тренчевска на Меѓународната конференција на трудот во Женева
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, отпатува за Женева, Швајцарија, каде што учествува на 111-тата Меѓународна конференција на трудот, која е највисокото тело за одлучување на Меѓународната организација на трудот, чија членка е и Република Северна Македонија.
Секоја година во јуни оваа конференција ги собира трипартитните делегации од 187 земји членки на Организацијата.
Делегацијата на Република Северна Македонија ја предводи министерката Тренчевска и во согласност со правилата на МОТ делегацијата е составена од два делегата на Владата и по еден претставник од репрезентативниот синдикат на национално ниво и претставник на репрезентативното здружение на работодавци на национално ниво, кои се и членови на Економско-социјалниот совет.
Делегацијата на Република Северна Македонија на оваа конференција учествува на втората пленарна недела на Конференцијата.
На Меѓународната конференција на трудот планирано е и обраќање на министерката Тренчевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

