Спорт
Драматичен пораз во три сета за Македонија во Задар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/download-3.jpg)
Македонската одбојкарска репрезентација не успеа да ја забележи и третата победа во Златанта Европска лига, губејќи во Задар со драматични 2:3 (25:20, 17:25, 23:25, 25:15, 13:15) од Хрватска.
Откако и на првиот меч, селекцијата на Јошко Миленкоски се намачи со Хрватите за 3:2 победа, дуелот на гости беше полн со пресврти, и на крајот домаќините стигнаа до својата прва победа во овогодишното натпреварување.
По одличниот почеток и освоениот прв сет со 25:20, се случи пад во формата на македонската репрезентација, посебно во лошиот втор сет, за домаќините да поведат со 2:1 во сетови. Сепак, тогаш македонскиот одбојкари го одиграа најдобриот сет, освојувајќи го со 25:15, пред во тај-брејкот, иако имавме и предност од два поени (12:10), Хрватите ги освоија последните три поени за победа.
Во последното коло од натпреварувањето, Македонија го пречекува фаворитот Украина, репрезентација која има пет победи во пет меча, и ниту еден загубен сет.
Фото: ЦЕВ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Маринковиќ се врати во Партизан
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/1714579713-Vanja-Marinkovic-1200x800-1.jpg)
Кошаркарскиот клуб Партизан го потврди трансферот на Вања Маринковиќ. Најмладиот капитен во историјата на клубот по пет години се врати во црно-белиот табор.
Маринковиќ од 2013 до 2019 година играше во Партизан, потоа две сезони мина во Валнесија, во од 2021 година го носеше дресот на Басконија.
Во последната сезона во Евролигата, тој одигра 36 натпревари (27 како стартер) и имаше просек од 10,8 поени по натпревар (52% за два, 37% за три), 2,4 скока и 1,6 асистенции за речиси 26 минути игра.
Според српските медиуми, Маринковиќ потпишал две годишен договор со Партизан.
Спорт
Мбапе ги повика Французите да гласаат против десницата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/gettyimages-2157830333.jpg)
Капитенот на Франција, Килијан Мбапе, на последната прес конференција пред мечот со Австрија, малку зборуваше за фудбалот, во преден план беше политиката.
Во Франција е во тек изборна кампања откако францускиот претседател Емануел Макрон распиша предвремени парламентарни избори.
Најдобриот француски фудбалер Килијан Мбапе упати апел до граѓаните, особено до младите, да не дозволува екстремната десница да дојде на власт. Во емотивното обраќање Мбапе порача дека фудбалерите не смеат да се одвојуваат од она што се случува во светот околу нив.
„Сакам да бидам горд што ќе го носам овој дрес на 7 јули (тогаш се одржуваат изборите). Не сакам да претставувам земја која не ги одразува моите вредности, која не ги одразува нашите вредности, верувам и се надевам дека сите сме на иста страна. Затоа не можеме да се сокриеме“, изјави Мбапе и додаде:
„Често се вели дека не смееме да мешаме политика и фудбал. Се согласувам кога ситуацијата е нормална, но кога ситуацијата е ваква, тогаш е важно да се каже ова. Ова е поважно од натпревот што следи. Се надевам дека луѓето нема да ми се лутат што го кажав ова бидејќи нашата земја денес е во многу сериозна ситуација“.
Репрезентацијата на Франција, во 21 часот против Австрија ќе го одигра првиот натпревар на Европското првенство.
Спорт
Наполи: Кварацхелија е под договор, не е менаџерот тој што решава каде ќе оди фудбалерот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/3880032-78833568-2560-1440.jpg)
Преодниот рок во Европа ќе започне за две недели, а веќе се најавува дека во центарот на вниманието ќе биде крилниот напаѓач на Наполи, Квича Кварацхелија.
Минатата недела, италијанските медиуми откријадека Наполи одбил 100 милиони евра од ПСЖ за Грузиецот. Ставот на клубот е дека новиот тренер, Антонио Конте планира екипата да ја гради околу Кварацхелија.
Спротивно на ова, луѓето околу Кварцхелија сметаат дека тој треба да го напушти клубот. Доцна синоќа силно одекнаа изјавите на таткото на фудбалерот Бадри и менаџерот, Мамука Југели.
„Приоритет е екипа која игра во Лигата на шампионите. Не сакам луѓето да мислат дека Квара сака да остане во Наполи. Сакаме да си одиме, но го чекаме крајот на ЕП за да не ја нарушиме Кварчелија“, рече менаџерот Југели во изјава за грузиски Спорт Имеди.
„Не сакам луѓето да мислат дека Квара сака да остане во Наполи. Сакаме да си одиме, но го чекаме крајот на ЕП за да не го вознемириме Кварацхелија“.
Сличен став има и таткото на фудбалерот Бадри Кварацхелија.
„Не сакам мојот син да остане во Наполи. Минатата сезона беа сменети тројца тренери и тешко е да се игра во таква ситуација“.
Наполи веднаш реагираше, во јавноста се обрати со соопштение.
„По изјавата на менаџерот на Квича, потсетуваме дека тој е под договор до јуни 2027 година. Квича не е на продажба. Не е менаџерот тој што решава каде ќе оди фудбалерот, тоа може да го направи само Наполи бидејќи Квича има договоро со клубот“.
Кварацхелија во Наполи пристигна во 2022 година од Динамо Батуми за 15 милиони евра. Според „Трансфермаркт“ тој вреди 80 милиони евра.