Црна хроника
Шест лица уапсени: најмладиот е малолетник од Велес, останатите од Тетово и Прилеп
Шест лица се уапсени од страна на Министерството за внатрешни рабпти. ПО Двајца од нив се од Тетово и Велес, еден од Прилеп. Причината е што при претрес, кај нив е најдена марихуана.
„На 14.06.2023 околу 22.15 часот на крстосницата на улиците „Иво Лола Рибар“ и „Страшо Пинџур“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода С.М.(38) и М.У.(41), двајцата од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци“, велат од МВР.
Од полицијата додаваат: „На 14.06.2023 на ул.„Дабнички завој“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Н.Р.(32) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. На 14.06.2023 во 18.30 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода 20-годишните С.Б. и С.Б. и малолетник, сите од Велес, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана“.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
СВР Тетово информира дека во 10:05 часот била пријавена сообраќајна незгода на автопатот Скопје-Тетово.
На околу 500 метри после клучка Желино се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Ивеко” со скопски регистерски ознаки сопственост на „Македонија пат” управувано од Ј.С.(54) од с.Рогле, тетовско и товарно возило ,,Мерцедес” со скопски регистарски ознаки управувано од Н.С.(51) од Скопје.
– Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот Ј.С. констатирани во Клиничка болница Тетово, информира СВР Тетово.
Увид на лице место е извршен екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Се преврте камион кај Желино
Тешка сообраќајна незгода се случи пред малку на автопатот Скопје – Тетово. Според првичните информации, камион се превртел веднаш по наплатната рампа кај Желино, што предизвика значителен застој во сообраќајот.
Блокирани се првите две ленти, а возилата се пропуштаат само по третата лента.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на условите на патот, да држат соодветно растојание и да бидат исклучително внимателни додека поминуваат на овој потег додека трае увидот и расчистувањето на теренот.
Топ
Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш
Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Белград – Ниш, кај клучката Умчари, пишува српски „Курир“.
Несреќата се случила кога патничко возило „сеат“, со германски регистарски таблички, излетало од патот. Според неофицијални информации, возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитната ограда и сообраќаен знак, по што автомобилот завршил надвор од коловозот.
Надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на околностите под кои се случила несреќата.

