Спорт
Реал го претстави Белингем – Англичанецот ќе ја носи „петката“ на Зидан
Џуд Белингем ги помина медицинските прегледи во Мадрид, по што Реал го промовираше најскапиот играч во историјата на клубот.
„Здраво Мадридисти. Ви благодарам на сите што сте тука на најважниот ден во мојот живот. Во првиот ден во најголемиот клуб во светот. Им благодарам на Хуни Калафат, Хозе Анхел, претседателот (Флорентино Перез) сите што ме доведоа овде. Му благодарам и на моето семејство. Конечно, Хала Мадрид“, извикна Белингам.
Белингем во Реал пристигна од Борусија Дортмунд, а Реал за англискиот репрезентативец плати 103 милиони евра. Дополнителни 30 милиони евра Борусија може да заработи доколку бидат исполнети некои клаузули.
„Цената воопшто не ме загрижува, не знам ни колку е. Фудбалер сум, ниту сум адвокат ниту сметководител“, изјави Англичанецот за висината на трансферот.
Тој потпиша договор со Реал до 2029 година и претставува почеток на нова ера за Реал Мадрид каде клучни играчи ќе бидат младите сили, покрај Белингем, тука веќе се Бразилците, Винисиус Жуниор и Родриго.
„Задоволство ми е да ве запознаам сите. Реал е најдобриот клуб во историјата. Благодарен сум на луѓето кои ме доведоа овде“, повтори Белингам.
За него беа заинтересирани сите англиски гиганти, но тој сепак го избра Реал, кој првиот контакт го оствари пред околу десет месеци.
„Парите не ми се важни, никогаш не сум размислувал за пари кога носев вакви одлуки. Фудбалот е спортот што го играм. Го сакам чувството што ти го дава Реал“, изјави играчот од средниот ред.
Тој во „кралскиот клуб“ ќе го носи број 5. Овој број во Реал го прослави Зинедин Зидан.
5️⃣ @BellinghamJude 5️⃣#HeyJude pic.twitter.com/W37geUYWIc
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 15, 2023
„Му благодарам на Ваљехо што ми го даде бројот 5. Го прашав дали му е важно, тој е одлично момче. Му се восхитувам на Зидан и неговиот број ме инспирира. Не сакам да бидам како него, затоа што сум поинаков. Чест е да се носи овој број. Дресот сам по себе е голема одговорност. Секогаш многу го ценев Зидан и тој беше најдобриот играч за мене. Сакам да го продолжам наследството на овој број“.
Конкуренција за првиот тим на Реал ќе бидат клупски легенди Тони Крос и Лука Модриќ.
„Тоа е непроценливо искуство за мене. Нивното искуство е неверојатно и ќе се обидам да бидам покрај нив во првите недели. Се надевам дека нема да им пречи. Имаме одлична комбинација на младост и искуство”.
Белингем можеби не е најзвучното засилување на Реал ова лето, а медиумите шпекулираат за трансферите на Килијан Мбапе и Хари Кејн.
„Тие се двајца неверојатни играчи, но тие приказни ги видов само на интернет и на Твитер. Би сакал да играм со него (Мбапе), секако“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Рајо Ваљекано го запре Реал
Пет дена по поразот во дуелот од Лигата на шампионите со Ливерпул, лидерот во шпанската Ла Лига повторно беше запрен. Од „Ваљекас“ Реал се врати дома само со еден бод.
Саможртвуваната, малку хаотична, но храбрата одбрана на Рајо Ваљекано издржа голем притисок од своите соседи и ѝ понуди на Барселона шанса да се доближи до лидерот. Имаше и Рајо свои шанси, но Куртоа и на овој меч потврди дека се наоѓа во врвна форма.
Рајо е првиот тим што остана непоразен оваа сезона дома против Реал и Барселона. Само два клуба успеаја да го сторат тоа минатата сезона: Осасуна и Бетис.
Подоцна во текот на денот, Мајорка го победи Хетафе со минимален резултат, со голот на Муричи во 14-та минута.
Валенсија освои бод во финишот на натпреварот против Бетис. Овој натпревар заврши со резултат 1:1.
Бетис водеше од 74-та минута кога Хернандез постигна гол. Валенсија го дојде во 82-та минута преку Риоха.
Спорт
Гвардиола по големиот јубилеј: Најважен е периодот кога бев во Барселона Б
Пеп Гвардиола со убедлива победа над Ливерпул (3:0) го обележа големиот јубилеј.
„Многу добро прво полувреме. Тие притискааа малку повеќе во второто. Малку како да заборавивме да играме, во првите пет или десет минути. Имаа една или две шанси. Генерално, одлична игра, вистинско темпо со топката, дефанзивно исполнети задачи“, рече Гвардиола по натпреварот.
„Дефанзивно се поставивме многу добро, бевме добри со топката, мислам особено во првото полувреме. Поврзани со средниот ред, бевме навистина добри.
Би сакал да им се заблагодарам на играчите, на сите во тренерскиот штаб и на клубот за подарокот. Горд сум што работам тука и што Манчестер е мој град. А сега – да се одмориме и да ја вратиме нашата енергија“, вели Гвардиола.
Клубот од 1.000 не е мала работа, а Пеп знае што било важно:
„Мислам дека периодот кога бев во Барселона Б е основа на многу работи. Тогаш се запознав себеси и сфатив дека можам многу да научам. Никогаш нема да ги заборавам момците од таа прва сезона. За мене е посебно што стигнав до 1.000 натпревари пред моето семејство, а особено што тоа беше натпревар против Ливерпул. Тоа е клуб кон кој имам огромно почитување.“
Спорт
Рома се искачи на првото место во Серија А
Рома го искористи вчерашниот кис на Милан и денешниот на Наполи и со победата над Удинезе (2:0) се искачи на челната позиција во Серија А.
Тимот на Џан Пјеро Гасперини веќе беше на врвот на табелата во Серија А оваа сезона, во единаесеттото „волчицата“ беше на врвот, но веќе во следното ја препушти челната позиција.
Рома се врати на врвот на табелата откако рутински го скршија отпорот на Удинезе со головите на Лоренцо Пелегрини од пенал и Зеки Челик. Проблем за Рома претставува повредата на Артем Довбик.
Дуелот го одбележа, Николо Заниоло. Човекот замина од „Олимпик“ беше соодветно пречекан од домашните фанови, а притисокот поради постојаните свирежи на домашната публика вроди со плод во второто полувреме кога Заниоло од лутина го удри Коне со топката во лицето.
За малку ќе избувнеше тепачка, но судијата Колу реши со разговоро, а не со делење картони да ги смири страстите.
Рома гостува кај Кремонезе по паузата за квалификациите за пласман на СП.

