Македонија
Јотова бара средба на македонската и бугарската Влада поради претепаниот Кадриески во Струга
Потпретседателката Илијана Јотова во Варна изјави дека е време за средба меѓу владите на Бугарија и Република Северна Македонија и побара да се преземат посериозни мерки по последниот инцидент со граѓанин со бугарски идентитет.
Доставувањето нота до македонскиот амбасадор таа го оцени како недоволна акција, бидејќи има информации дека се подготвува текст за промена на уставот на Северна Македонија, но во пракса нема никаков развој.
Потпретседателката Јотова повика дека покрај уставот на РСМ, треба да има измени и според потпишаните заеднички протоколи, кои зборуваат за промени во учебниците, оценување на историски датуми и личности и отворање на досиеја, но ништо од ова не е направено.
„Не се осмелувам ни да помислам дека новата бугарска влада ќе отстапи од веќе воспоставената бугарска позиција, која не е само на официјалниот кабинет, туку и на претседателската институција и на Народното собрание“, рече потпретседателката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

