Македонија
Николовски: Со завршување на првата фаза од проектот за водоснабдување преку хидросистемот Злетовица до чиста вода за пиење за општините

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со раководителот на Управата за водостопанство, Исни Јакупи и градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов денеска извршија увид на распределениот цевководот кој води од изградената филтер станица директно до населените места, како и изградбата на пристапниот пат до изградената филтер станица. Заокружувајќи еден многу значаен проект за жителите на општина Карбинци и жителите на околните села.
Станува збор за значајна инвестиција вредна 60 милиони денари финансирана со средства на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, која е дел од првата фаза на проектот за водоснабдување преку хидросистемот Злетовица. Проект преку кој се обезбедува чиста вода за пиење за општините Штип, Карбинци, Свети Николе и Лозово.
Преку оваа инвестиција која е од капитално значење го подобруваме квалитетот на живеење во општина Карбинци и осум околни села. После општина Штип и општина Карбинци добива квалитетна вода за пиење со модерна ултрафилтрација за прочистување.
„Вложувањето во капитални инвестиции за за изградба на нови и реконструкција на постојните водоснабдителсни системи е еден од петте столбови кои како приоритети ги имаме посавено за 2023 година. Затоа оттука сакам да ви најавам дека како министерство во водиме процесот за целосно комплетирање на овој исклучително важен проект за истокот, преку кој обезбедуваме водоснабдување за околу 80 илијади жители. Пред неполн месец на владина седница помина Информацијата со која обезбедивме дополнителни 800 милиони денари средства за комплетирање на Фаза1 од овој значаен проект. Овие обезбедени средства ќе бидат распределени во следните три буџетски години за целосно довршување на започнатите планирани активности, во рамки на потпрограмата 6А за хидросистемот Злетовица“ истакна Николовски.
Од 2017 година до денес, се започнати и реализираат најголемите капителни инвестиции во водоснабдувањето, преку изградба на нови системи и реконструкција на постојните системи за водоснабдување.
Се реализираат клучни капитални проекти, како што се изградбата на Браната Конско која е во завршана фаза, потоа главен цевковод Равен Речица на кој интензивно се работи и очекуваме во брз временски рок негово финализирање. Посветено инвестираме во изградба на мрежи за наводнување важни за земјоделското производство, информира тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ИЈЗ смирува: Нема тешки метали во почвата и водата не е радиоактивна

Институтот за јавно здравје изврши вонредно испитување во засегнатото подрачје, и во неделата беа земени примероци, мостри од страна на професионален експертски тим од ИЈЗ за испитување на радиоактивност во вода, почва, и воздух како и примероци за испитување на тешки метали во почва, земја и испитување на тешки метали во вода.
Во текот на вчерашниот ден, ИЈЗ извести дека според резултатите и направените анализи, во земените примероци не е утврдено присуство на радиоактивност во воздух и почва, исто така не е утврдено присуство на тешки метали во вода.
Во текот на денешниот ден ИЈЗ ги заврши анализите и испитувањата на примероците за испитување на тешки метали во почва како и испитувањата за радиокативност во вода.
Од добиените денешени резултати, ИЈЗ информира за следното. Земени се мостри од повеќе локации од засегенатото подрачје за испитување на тешки метали во почва, и тоа: Pb, Cd, As, Ni, Hg Cr, Cu, Zn, Sn, Ba, Be, Co, V, Tl, Mo, Sb.
По анализата на резултатите од сите земени примероци, може да се заклучи дека нема отстаптување од референтните вредности за сите испитани 16 тешки метали (Pb, Cd, As, Ni, Hg Cr, Cu, Zn, Sn, Ba, Be, Co, V, Tl, Mo, Sb). Се забалежува зголемување на 2 параметри Cu (бакар) и Zn (цинк) само од едно испитано место, а тоа е површинскиот слој каде што гореле литиумски батерии и истото е во рамките на очекувањата, соопштуваат од ИЈЗ.
Во сите останатите места нема отстапување од референтните вредности за испитаните 16 тешки метали.
Исто така, во текот на денешниот ден, ИЈЗ информира дека е испитана и радиоактивноста во примероците од вода и според добиените резултати, нема радиоактивност на земени примероци од вода.
Институтот за јавно здравје во најкус можен рок успеа да ги направи потребните анализи. Истите ќе бидат повторени согласно протоколите во времето предвидено за тоа.
ИЈЗ останува во понатамошна координација со Министерството за здравство и со сите надлежни државни институции, и за секоја наредна активност јавноста ќе биде соодветно информирана.
Македонија
Муртезани на ГАК во Брисел: „Механизмот за владеење на правото претставува огледало на нашата демократска совест“

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска во Брисел учествуваше на состанокот на Советот за општи работи на Европската Унија, кој се одржа на покана на Данското претседателство со Советот на ЕУ и беше посветен на владеењето на правото. Ова беше второ учество на министри од земјите-кандидатки да бидат на иста маса на формален состанок на ГАК, заедно со земјите членки, во рамки на европскиот Механизам за владеење на правото.
Состанокот беше фокусиран на Извештајот на Европската комисија за 2025 година и на состојбите во четири области: судскиот систем, антикорупцискиот рамковен механизам, медиумската слобода и плурализам и институционалните прашања поврзани со контролните механизми.
Во своето обраќање, министерот Муртезани нагласи дека вклучувањето на Северна Македонија во Механизмот за владеење на правото е силна потврда за европската перспектива на земјата и признание за нејзиниот напредок. Тој посочи дека учеството во формалниот Совет за општи работи, втора година по ред, претставува јасна порака дека земјите кандидати се дел од заедничките напори за унапредување на владеењето на правото во цела Европа.
Муртезани исто така посочи дека Извештајот за владеење на правото 2025 за Северна Македонија потврдува реален напредок, но и дека истовремено остануваат предизвици кои не смеат да се игнорираат. Во продолжение, тој нагласи дека владеењето на правото не е само услов за членство, туку основа врз која се гради довербата меѓу институциите и граѓаните. Според него, реформите во оваа област се од заеднички интерес, бидејќи посилните институции и поголемата доверба во правдата придонесуваат кон стабилност и развој не само во Северна Македонија, туку и во целиот регион.
Муртезани потсети на неодамнешното обраќање на претседателката на Европската комисија во Стразбур, дека Европската Унија нема да биде целосна без Западен Балкан и дека проширувањето е стратешки интерес на цела Европа. Тој истакна дека Северна Македонија учествува во Советот не како набљудувач, туку како партнер кој активно придонесува во заедничките напори за унапредување на демократијата и владеењето на правото.
Муртезани заврши со порака дека зајакнувајќи ја правната држава дома, Северна Македонија ја зајакнува и Европската Унија и дека овој процес не е само национален приоритет, туку заедничка инвестиција во стабилноста, сигурноста и иднината на целата Европа.
Македонија
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Словачка, Ивета Хрицова

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на свечена церемонија ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Словачка, Ивета Хрицова.
Таа ѝ посака добредојде и успех во извршувањето на дипломатската мисија, истакнувајќи подготвеност за соработка.
Соговорничките потсетија дека двете држави ги обединува наследството на Светите браќа Кирил и Методиј, како и тридецениските пријателски односи.
Претседателката се заблагодари за континуираната и гласна словачка поддршка за македонските надворешнополитички цели, особено за членството во ЕУ, како и за сојузништвото во НАТО во регионалните и глобалните безбедносни прашања. За неа, отворањето на македонската амбасада во Братислава во 2021 година е важен придонес за унапредување на билатералното партнерство.
Амбасадорката Хрицова потенцираше дека Словачка останува силен и искрен поддржувач на евроинтеграцискиот пат на земјава и изрази уверување дека ЕУ мора да најде решение за да ги отвори вратите за прием на нови членки. Таа вети унапредување на политичките односи и отворање нови можности за соработка во економијата, културата, образованието и одржливиот развој. Според неа, јакнењето на односите меѓу студентите, уметниците, претприемачите и заедниците е основата на вистинската дипломатија.
Во претстојната официјална посета на словачкиот претседател Петер Пелегрини на земјава, обете препознаваат ново поглавје во билатералните односи, што ќе ги поттикне политичкиот дијалог и економската соработка.
Говорејќи за силните културни врски меѓу двете држави, претседателката потсети на словачкиот поет Иван Штрпка, добитник на „Златниот венец“ на годинешното издание на Струшките вечери на поезијата, за што амбасадорката изрази големо задоволство.