Македонија
Грковска- Шмид на „Преспа форумот“: Поддршката на ОБСЕ е клучна за јакнење на анктикорупциските механизми
На маргините на годинешниот „Преспа форум“, кој се одржува во Струга, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, одржа средба со Хелга Шмид, генерален секретар на ОБСЕ.
Вицепремиерката Грковска се заблагодари за континуираната соработка со ОБСЕ во унапредувањето на механизмите за владеење на правото и справувањето со корупцијата и организираниот криминал, а во насока на јакнење на безбедноста и стабилноста и почитувањето на човековите права во нашата земја. Грковска упати посебна благодарност за личната поддршка на г-ѓа Шмид за активностите на Кабинетот за политики за добро владеење и антикорупција.
Шмид истакна дека особено внимание треба да се посвети на родовиот аспект во борбата со корупцијата, со оглед дека жените се помалку вклучени во корупција, но во поголема мера ги чувствуваат последиците од коруптивните активности во општеството. Нагласувајќи дека корупцијата истовремено претставува и безбедносно прашање, што е особено важно во контекст на актуелните геополитички случувања, Шмид изрази подготвеност и отвореност да ги поддржи и понатамошните активности поврзани со овие теми, а кои Владата ги спроведува на иницијатива на вицепремиерката Грковска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

