Македонија
Мицкоски за Османи: Тој нема кредибилитет да преговара за мојот македонски идентитет
Бујар Османи нема кредибилитет да преговара за мојот македонски идентитет, порача денеска од Ваташа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по вчeрашната изјава на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, дека после уставните измени Бугарија нема повеќе да не блокира.
“Тој не може да ми кажува што и како мисли Бугарија. Во минатото наместо како министер за надворешни работи на Македонија да покаже основно почитување, тој тоа го пропуштил, и не само што не покажал почитување туку и го погазил. Ќе го советувам Османи, да го советува новиот бугарски министер за надворешни работи, да земе еден пример од една европска земја и да дојде овдека на овој споменик во Ватша и да клекне да се извини i да побара прошка за тоа што го направил бугарскиот фашистички окупатор. Тогаш можеме да седнеме и да размислуваме за било каква прошка. Ете тоа го има направено германски министер кој клекнал и се извинил за тоа што го pравеле германските фашисти во Полска. Може и тој во името на бугарските фашисти да дојде овде во Ваташа и да клекне и да побара прошка“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

