Македонија
Делницата Велес – Градско времено ќе биде затворена за сообраќај, поради асфалтирње
АМСМ информира дека поради асфалтирање делницата Велес-Градско времено ќе биде затворена за сообраќај.
„Во однос на објектот „Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница „Велес – Градско“, Ве известуваме дека поради вградување на асфалтен слој, од 19.06 до 23.06.2023год, Делницата Велес – Градско (во н.м. Градско) ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 08:00 – 18:00 часот“, се истакнува во информацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски ги остави наставниците без покачени плати, иако им следуваат, оценуваат од СДСМ
После изјавата на Христијан Мицкоски јасно е дека власта ги извиси наставниците и оваа година нема да добијат повисоки плати, иако им следуваат согласно колективните договори, оценуваат од СДСМ.
Со СДСМ, додаваат од оваа партија, наставниците секоја нова учебна година ја започнуваа со повисока плата.
„Наставниците и граѓаните знаат дека во изминатите седум години, владата предводена од СДСМ ги зголеми платите во образованието, кумулативно за над 55 отсто. Пари за континуирано зголемување на платите во образованието обезбедувавме и во годините на здравствена, економска и енергетска криза.
Платите требаше да продолжат да растат и овој септември да бидат покачени за 12%, но дојде ВМРО-ДПМНЕ и ја прекина низата на растот на плати во образованието.
Ова значи целосно фијаско на политиките на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, изневерени наставници и просветни работници“, посочуваат од СДСМ.
Една од најважните области, образованието, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, како што оценуваат, ја запоставија комплетно а наставниците ги понижија.
СДСМ бара власта да ја смени погрешната политика и да ги покачи платите на наставниците и просветните работници, тоа е, како што оценуваат, нејзина обврска.
Македонија
Орбан од утре во дводневна посета на Македонија
На 26 и 27 септември во дводневна официјална посета на Македонија ќе присуствува претседателот на владата на Унгарија, Виктор Орбан, заедно со делегација од унгарската влада, информираат владините служби.
„Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе оствари официјална тет-а-тет средба со својот унгарски колега во премиерската вила во Охрид на 27 септември, со почеток во 8.45 часот.
Дополнително, во рамките на посетата ќе се остварат и низа билатерални средби на македонските министри со ресорните колеги од унгарската делегација, а на 27 септември, со почеток во 10 часот, ќе се одржи заедничка меѓувладина седница во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид“, информираат од Владата.
На маргините на дводневната посета, според соопштеното, предвидена е прошетка во градот Охрид, посета на црквата „Богородица Перивлепта“, Античкиот театар и манастирскиот комплекс „Свети Наум“, а свежо цвеќе премиерите на двете земји ќе положат на споменикот на светите Кирил и Методиј во Охрид.
Македонија
Зголемени цени за храна за 717 денари, мерките на Мицкоски нема да имаат ефект, велат од СДСМ
Од СДСМ оценуваат дека се зголемуваат трошоците на живот на граѓаните, а цените на основните производи продолжуваат да растат.
Според оваа партија, последните податоци за потрошувачката кошничка покажуваат ново зголемување во однос на месец август исто како и трошоците за храна и пијалаци кои за еден месец се зголемиле за 717 денари.
Ова, како што велат, е уште една потврда дека мерките на владата на Мицкоски се задоцнети и јасен показател дека нема да имаат реален ефект, ниту врз цените ниту врз стандардот на граѓаните.
„Очигледно Мицкоски чекаше со намалување на цените на производите заради решение во интерес на интерес на трговците, а не во интерес на граѓаните.
Владата треба да донесе мерки со кои реално и вистински ќе ги намали цените а не да мачка очи.
Со вакви погрешни економски политики на Мицкоски стандардот на граѓаните само ќе опаѓа“, нагласуваат од опозициската партија.