Македонија
ЦУК издаде предупредување по дождовите, две реки пред излевање
Според податоците од УХМР, на хидролошката станица на Крива Река во Крива Паланка е забележан висок водостој.
Од Центарот за управување со кризи предупредуваат за можност од излевање во сливот на Крива Река заедно со нејзините помали притоки пред влив во Пчиња.
„Излевањето може да зафати делови од атарите на населените места, како што се Конопница, Псача, Опила и подолу Клечовце и Стрезовци пред вливот во Пчиња“, велат од ЦУК.
Претходно од силниот пороен дожд надојдена беше реката Латковица кај с. Огут во Крива Паланка. Од надојдената вода кај пропустите на патот прекинат беше сообраќајот на регионалниот патен правец с.Огут кон с. Нерав. Регионалниот пат води кон граница со Република Србија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
109 санкционирани возачи во Скопје
Во Скопје вчера се изречени вкупно 109 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, четири мерки за користење на мобилен телефон при управување, 28 санкции за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, четири мерки за некористење на сигурносен појас, информира МВР во дневниот извештај.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемена безбедност во сообраќајот и придонес за посигурни патишта.
Македонија
Воведен е летен сообраќаен режим за движење на камиони
Од вчера, па се до 31 август на државните патишта во Македонија воведен е летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.
Македонија
Променливо облачно, во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во раните утрински часови со услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. UV=7
Во Скопје, ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и град. Услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има и во раните утрински часови. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Во среда и во четврток времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Потоа се очекува стабилно и потопло време.