Спорт
(Видео) Франција без мака против Гибралтар

Финалистот од СП во Катар, француската фудбалска репрезентација не импресионираше, но стигна до 3:0 победа на гостувањето кај Гибралтар.
Оливие Жиру во третата минута го отвори резултатот, за во 43. минута, Килијан Мбапе да зголеми на 0:2 од пенал, за автоголот на Муели во 83. минута да ги постави конечните 0:3 за тимот на Дидие Дрогба.
Во другите поинтересни мечеви, Ерменија со импресивни 4:2 славеше на гости кај Велс, додека Данска по поразот од Казахстан стигна до минимална 1:0 победаа над Северна Ирска, а Турција со гол во 96. минута успеа да извлече 2:3 победа кај Летонија.
ЕУРО 2024 КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА Б
Гибралтар – Франција 0:3
Грција – Ирска 2:1
ГРУПА Д
Летонија – Турција 2:3
Велс – Ерменија 2:4
ГРУПА Х
Данска – Северна Ирска 1:0
Сан Марино – Казахстан 0:3
ГРУПА И
Андора – Швајцарија 1:2
Белорусија – Израел 1:2
Косово – Романија 0:0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мењан во Челзи, во Милан доаѓа Милинковиќ-Савиќ

Францускиот репрезентативен голман Мајк Мењан (29) ќе ја продолжи кариерата во Челзи. „Сините“ за услугите на голманот на Милан ќе му платата 18 милиони евра отштета, објавија италијанските медиуми.
Мењан пристигна во Милан летото 2021 година од Лил, а неговиот договор важеше до јуни следната година.
Милан се согласи да го продаде бидејќи не можеше да се договори за продолжување на договорот, па овој летен преоден рок беше последна шанса да заработи нешто од неговиот трансфер.
Мењан треба да биде заменет на голот на Милан со српскиот голман Вања Милинковиќ-Савиќ (28), чиј договор со Торино истекува за една година.
Спорт
Седум играчи го засилија Алкалоид

Фото/ rkalkaloid.mk
РК Алкалоид останува на својата определба и во следната сезона да биде клуб составен во најголем дел од македонски ракометари кои ќе добијат врвни услови за тренинг, ќе работат според професионална програма и ќе имаат простор за напредок преку настапите на домашната и на европската сцена.
Неколку ракометари со голем потенцијал и за клубот и за сениорската репрезентација на Македонија доаѓаат следната сезона во клубот.
Алкалоид кој ја освои титулата во Европскиот куп, за следната сезона ангажира седум нови играчи, шестмина се Македонци, странец е само Србинот, Урош Борзаш. Покрај него нови играчи на Алкалоид се: Ненад Костески, Емилијан Ѓорговски, Михаил Аларов, Михаил Иваноски, Ѓорѓи Николовски и Давид Трајкоски,
Спорт
Пукна љубовта, Мурињо ќе го напушти Фенербахче

Жозе Мурињо и Фенербахче ќе го објават прекинот на соработката во следните неколку дена, тврдат турските медиуми.
Ова е епилогот од средбата во Лондон помеѓу познатиот тренер и Али Коч, претседателот на клубот од Истанбул. Мурињо бара 15 милиони евра за предвремен раскин на договорот.
Португалецот го презеде тимот минатото лето, но Фенербахче под негово водство не освои ниту еден трофеј. Во првенството на Турција, тие беа втори зад нивниот најголем ривал Галатасарај.
Покрај тоа, Мурињо беше во постојан конфликт, со судиите, со службените лица од другите клубови, што предизвика гнев кај навивачите и новинарите и му наштети на угледот на турскиот фудбал.