Црна хроника
Претрес во Тетово, пронајдена дрога
Вчера околу 18.25 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово е лишен од слобода К.Р.(24) од Тетово затоа што по извршен претрес, а по претходна судска наредба од Основен суд Тетово, во неговиот дом во Тетово била пронајдена и одземена марихуана.
За настанот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Двајца повредени во тешка сообраќајна несреќа меѓу „голф“ и „корса“ на патот Радовиш – Штип
Вчера во 06.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш–Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.А.(20) од село Лакавица, штипско и патничко возило „опел корса“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.С.(30) од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., додека Ѓ.А. се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога
Вчера во 13 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода С.В.(28) од Гевгелија.
При претрес на две локации во Гевгелија кои ги користи лицето, по дадена судска наредба, биле пронајдени марихуана и предмет со остатоци од растителна материја.
Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.
Според полицијата, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Две семејства во Штип се тепале со разни предмети: 12 учесници добија кривична
Штипската полиција поднесе кривична пријава против 12 луѓе поради насилство. Инцидентот се случил на 12 јули, кога членови на две семејства физички се пресметале, нарушувајќи го јавниот ред и мир.
Пријавените, од кои некои се обвинети за насилство во група, користеле различни предмети за време на конфликтот, што довело до тешки телесни повреди кај некои од учесниците.
„СВР Штип поднесе кривична пријава против Ш.K., М.K., М.K., А.K., А.K., М.Ќ. и Џ.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство” во група, и против М.Ќ., А.К, М.К, А.К., М.К., Е.Д., Џ.Д, Џ.Ј., М.К., А.Ј., Е.Д., Д.Ј., Џ.Ј. и Ѓ.Ј, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство” со последица тешка телесна повреда. На 12.07.2024 во Штип, пријавените, членови на две семејства, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка во која употребиле и разни предмети“, велат од МВР.