Свет
НАТО стравува дека Русија мапира витална подводна инфраструктура
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/16-нато.jpg)
НАТО отвори нов центар за да помогне во заштитата на подморските цевководи и кабли по сè уште нерешениот наводен напад на гасоводите „Северен тек“, пишува Скај њуз. Овој потег доаѓа во услови на загриженост дека Русија мапира витална западна енергетска и интернет инфраструктура во водите низ Европа.
„Заканата се развива“, рече генерал-полковник Ханс-Вернер Вирман, кој раководи со специјалната ќелија фокусирана на предизвикот, откако министрите за одбрана на НАТО дадоа зелено светло за новиот центар, лоциран во Нортвуд, северозападен Лондон.
„Руските бродови активно ја мапираа нашата критична подводна инфраструктура. Постои зголемена загриженост дека Русија би можела да ги таргетира подморските кабли и друга критична инфраструктура во обид да го наруши животот на Западот“, изјави тој за новинарите во седиштето на НАТО во Брисел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Германија: Ние сме крајно загрижени, се заканува целосен конфликт на Блискиот Исток
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/gaza-napadi.jpg)
Германија е крајно загрижена поради порастот на насилството на израелско-либанската граница и зголемениот ризик од целосен регионален конфликт, изјави министерката за надворешни работи Аналена Баербок за време на посетата на регионот на Блискиот Исток.
Говорејќи на безбедносната конференција, Баербок, како пријател на Израел, предупреди дека Тел Авив може да изгуби во војната против Хамас и дека зголемениот гнев поради положбата на цивилите во Газа ја поткопува израелската безбедност.
Се зголемуваат стравувањата дека војната, во која веќе загинаа десетици илјади луѓе во Газа, може да се прошири и во соседните земји.
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, во неделата навести дека Израел може да премести повеќе војници на север, каде што борбите против проиранската милиција Хезболах ескалираа на границата со Либан.
Хезболах почна да разменува оган со Израел на 8 октомври, еден ден откако неговиот палестински сојузник Хамас, кој владее со Газа, го нападна јужен Израел, што предизвика војна во Појасот Газа. Десетици илјади луѓе избегаа од двете страни на границата.
„Ние сме крајно загрижени поради зголемувањето на насилството на северната граница. Утре ќе го посетам (либанскиот главен град) Бејрут токму поради оваа причина“, рече Баербок.
„Заедно со нашите партнери работиме напорно за да најдеме решенија кои можат да го спречат понатамошното страдање. Ризикот од ненамерна ескалација и сеопфатна војна расте секој ден“.
Германија чувствува историска одговорност кон Израел во нејзината желба да се искупи за геноцидот на европските Евреи во нацистичкиот холокауст, забележува Ројтерс.
Но, како и во другите западни земји, војната во Газа доведе до јавно негодување поради порастот на бројот на убиени Палестинци, кој сега изнесува над 37.600, а владата на германскиот канцелар Олаф Шолц ја заостри реториката за акциите на Израел.
Баербок ја истакна хуманитарната ситуација во Газа, велејќи дека најмалку 17.000 деца таму останале сирачиња или одвоени од своите родители.
Свет
ЕУ ќе ја снабдува Украина со приходите од замрзнатиот руски имот, блокадата на Унгарија е заобиколена
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/01/677z381_677z381_677z381_borelj-epa-efe-o.m.-nnn.jpg)
Министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург се договорија за правна рамка за користење на приходите од замрзнатиот руски имот за помош на Украина, заобиколувајќи ја унгарската блокада, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Борел рече дека ЕУ нашла начин да ја заобиколи унгарската блокада и дека веќе следната недела ќе испрати 1,4 милијарди евра приходи од замрзнатиот руски имот за да и помогне на Украина со оружје и муниција.
„Законски гледано, бидејќи една земја-членка не учествуваше во одлуката за користење на приходите од замрзнати руски средства, нема право да учествува во одлучувањето за кои цели ќе се користат тие средства. Сега ќе ја забрзаме работата без блокади. “, рече Борел.
Според некои извори, приходот од замрзнатите руски средства би бил проследен до некои земји-членки на ЕУ, кои потоа би го купиле она што и е потребно на Украина и ќе го испорачаат.
Во однос на исплатата на средствата од Европскиот мировен фонд (ЕПФ), Унгарија сè уште блокира 6,6 милијарди евра помош за Украина, бидејќи за тоа е потребен консензус од сите земји-членки.
Меѓутоа, од ова всушност не беше директно оштетена Украина, туку земјите-членки кои ја снабдуваа Украина со оружје и муниција од нивните залихи, а за тоа треба да бидат платени од ЕПФ, вонбуџетски фонд кој има за цел да ја зајакне способноста на ЕУ за спречување на конфликти, градење и зачувување на мирот и зајакнување на меѓународната безбедност и стабилност.
Свет
Јужна Кореја анализираше што има во балоните кои им доаѓаат од север
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/gubre2.jpg)
Човечки измет и оштетена облека се пронајдени во вреќите со ѓубре донесени во Јужна Кореја со севернокорејски балони, соопштија властите.
Повеќе од 1.500 балони се испратени од Пјонгјанг преку границата од мај, како одмазда за кампањата со летоци против севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.
Анализата на некои од пакетите со балони открила црви. Мала е можноста за инфекција од паразити во балоните, се обидува да ги убеди граѓаните јужнокорејското министерство за обединување. Во балоните биле пронајдени различни предмети, меѓу кои и исечена „западна“ облека која била донирана од Јужна Кореја, пишува Би-би-си.
Некои од облеката се со ликовите на Мики Маус, Вини Пу и Хелоу Кити.
„Отпадот што го испрати Северна Кореја ја откри лошата економска состојба во земјата и го истакна противничкиот однос кон Јужна Кореја“, соопштија од Сеул.
Северна Кореја тврди дека балоните се одмазда за пропагандна кампања на севернокорејски дезертери и јужнокорејски активисти кои редовно испраќаат балони на другата страна. Овие балони содржат храна, лекови, пари и летоци кои го критикуваат режимот на Северот.
Двете Кореи неодамна ја засилија својата прекугранична пропагандна војна. Додека северот испраќаше ѓубре кон југ, југот од моќните звучници исфрли поп-песни и вести преку границата. Денеска повторно беа испратени балони, а јужнокорејските власти ги предупредија луѓето да внимаваат на предмети што паѓаат.
Активист на југот потврди за новинската агенција АФП дека испратил неколку балони со пропагандни летоци на север оваа недела. Војската на Јужна Кореја неодамна ја предупреди јавноста да не ги допира белите балони и пластичните кеси закачени на нив бидејќи содржат ѓубре.