Македонија
ЦУК: Зголемено нивото на вода на браната „Калиманци“, воведени мерки за безбедност во Кочанско
Преку Регионалниот ЦУК Кочани е добиено известување од Водостопанство „Брегалница“ од Кочани дека поради врнежите што го зафатија регионот во изминатите денови има зголемен доток во браната „Калиманци“.
Во моментот, дотокот е 25м3/с со тенденција да расте.
Поради тоа во наредните часови браната може да се случи да се прелее од покаченото езерско ниво.
Како сигурносна мерка, надлежните за браната, ќе го зголемат испустот на вода преку хидроелектричната централа (ХЕЦ). Речиси сите реки низводно се со зголемен водостој и поради тоа можно е нивно излевање на одредени места.
Исто така, во ЦУК е добиено известување дека на патниот правец „Долни Подлог – Облешево“ во близина на оранжериите „Зелена Куќа“ водостојот на Кочанска Река е на максимално ниво и е можно да го преплави мостот. Известени се во полицијата – СВР Штип за да реагираат навремено и за да се обезбеди мостот.
ЦУК ја следи ситуацијата во Кочанско.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

