Црна хроника
Почина маж од кумановско откако паднало дрво врз него

Министерството за внатрешни работи информира дека на 18.06.2023 во 14.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека во Ургентен центар Куманово бил донесен починат Х.З.(37) од село Гошинце, општина Липково и едно повредено лице В.М.(26) од село Лопате, кумановско.
„По преземени мерки, извршениот разговор со повреденото лице и извршениот увид било констатирано дека при сеча на дрво во село Гошинце, врз нив паднало дрво при што В.М. се здобил со повреди, додека Х.З. починал. По наредба од јавен обвинител врз телото на починатиот ќе се врши обдукција,“ информираат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен кумановец: му биле измерени 2.34 промили алкохол во крвта при контрола на патниот сообраќај

Вчера во 00.58 часот на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода В.П.(45) од Куманово.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2.34 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Татко на синовите им се заканувал со нож, син ја нападнал мајка си – семејно насилство во Скопје

Два случаи на семејно насилство се регистрирани вчера во Скопје.
Нешто пред полноќ, 24-годишен маж од Скопје пријавил дека во дворот од семејната куќа на подрачјето на општина Аеродром, неговиот татко И.Т.(54) со остар предмет упатувал закани кон него и неговиот 26-годишен брат.
На подрачјето на Ѓорче Петров, пак, полицијата го приведе Б.Л.(28) од Скопје, по претходна пријава дека околу 12.00 часот во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 50-годишна мајка.
МВР ги расчистува случаите.
Црна хроника
Пожар во Дебреше во дом на притвореник за убиство, најден пиштол

Пиштол бил најден за време на гаснење на пожар во куќа. Горел вториот кат, а во моментот во домот немало никој.
Се работи за куќа во селото Дебреше, која е во сопственост на Б.В. кој моментално издржува мерка притвор во затворот во „Шуто Оризари“ за убиство, соопшти МВР.
Пожарот избувнал утринава два часа по полноќ, а на терен излегле полицијата и пожарникарите. Бил локализиран еден час подоцна.
Во текот на денот ќе се врши увид.