Спорт
(Видео) На Украинците им требаа два пенали за еден гол и „минималец“ со Малта

По пресвртот и големата победа во Скопје со 3:2, Украина пристојно се намачи за да стигне до минимална 1:0 победа над Малта за втора победа во групата Ц во квалификациите за Еуро 2024.
Тимот на Серхиј Ребров се мачеше со решенија во нападот, за во 52. минута од мечот да биде досуден пенал, кој Андриј Јармоленко не успеа да го реализира. Дваесет минути подоцна, Украина повторно доби пенал, и овојпат Виктор Циганков беше прецизен за 1:0.
Tsygankov dáva z penalty na 1:0. pic.twitter.com/TmNT7Xlbor
— Ján Janočko (@panJan37) June 19, 2023
ЕУРО 2024 КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА Ц
Украина – Малта 1:0
ГРУПА Д
Ерменија – Летонија 2:1
ГРУПА Х
Финска – Сан Марино 6:0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Борусија Дортмунд триумфираше на гости кај Мајнц

Борусија Дортмунд забележа победа на гостувањето кај Мајнц, совладувајќи го противникот со 0-2 во петтото коло на Бундеслигата.
„Милионерите“ ја решија судбината на натпреварот уште во првото полувреме, кога за водство погодија Даниел Свенсон и Карим Адејеми.
Во второто полувреме, Борусија Дортмунд ја контролираше играта без поголем напор, задржувајќи го водството и рутински го завери триумфот. Ова е четврта победа за тимот на сезонава, со што сега има два бода помалку од лидерот Баерн Минхен.
Баер Леверкузен славеше на гости кај Сент Паули со 1-2, со головите на Тапсоба и на Поку.
Во другите натпревари, Хајденхајм на домашен терен го совлада Аугсбург со 2-1, а Лајпциг со минимални 1-0 го победи Волфсбург.
Спорт
Тиквеш подобар од Македонија ЃП, Арсими го совлада Шкупи

Тиквеш успеа да слави со 2-1 против Македонија ЃП, додека Арсими ја совлада Шкупи со 4-2 во денешните натпревари од Првата македонска фудбалска лига.
Во Кавадарци, Тиквеш поведе рано, во деветтата минута, со голот на Берат Садик со удар со глава. Македонија ЃП израмни во 58. минута преку пеналот реализиран од Ѓорѓи Стоилов, но Иван Ивановски во 68. минута донесе победнички погодок за домаќините.
Во Гостивар, Арсими беше подобар од Шкупи и славеше со 4-2. Иако гостите успеаја да израмнат на 2-2 во 76. минута, Арсими со два голови во завршницата ја обезбеди конечната победа.
Спорт
Скршен, заборавен, но не и поразен – Деулофеу ветува спектакуларно враќање

Жерар Деулофеу (31), некогашниот голем талент на Барселона, веќе скоро две години не одиграл официјален натпревар поради сериозна повреда на коленото. Шпанецот призна дека постои можност да се повлече од активниот фудбал, иако сè уште се надева на враќање.
„Ќе биде многу тешко, но сакам да испишам историја – да бидам играчот кој најдолго бил надвор од терените, а сепак успеал да се врати“, изјави Деулофеу.
По инфекција на ’рскавицата кон крајот на 2022 година, неговата состојба дополнително се искомплицирала. „Борбата е и физичка и психолошка. Понекогаш мислам да се откажам, но моето семејство и мојот тим ме држат во игра“, додава поранешниот фудбалер на Барселона, Евертон, Милан, Вотфорд и Удинезе.
Како инспирација го наведува Санти Казорла, кој по 11 операции успеа да се врати на терен и денес на 40 години игра за Овиедо.
Деулофеу за шпанската репрезентација има четири настапи и еден постигнат гол, а најдобрата сезона ја одигра во дресот на Удинезе во 2021/22, кога даде 13 погодоци.