Македонија
Ковачевски смета дека функционерите се транспарентни со имотите и начинот на стекнување, па треба и вработените во Царина
Ако им се провери имотот на вработените во Царина, како и начинот на кој го стекнале, ќе ја зголемат транспарентноста. Со оваа теза, премиерот Димитар Ковачевски го бранеше предлогот кој го даде до директорот на управата, Стефан Богоев. Според него, критиките дека тој и функционерите не се транспарентни – се неточни.
„Јас не сум најавил никаков ветинг, туку реков дека треба да се провери имотната состојба. За тоа не треба ветинг, туку интерни постапки – процедури, каде ќе може секој вработен да го прикаже својот имот и начин на кој е стекнат. И не е точно дека јас и функционерите не сме транспарентни во тој дел, бидејќи секој избран и именуван функционер поднесува анкетен лист. Антикорупциска има право да го провери потеклото на имотот на секој избран и именуван функционер. Јас мислам дека во Царина ако се примени тоа, ќе се качи нивото на нивната транспарентност, ќе добијат повеќе на кредибилитет. Ако нема некој што да крие, нема потреба да не поддржи таков процес. Ветинг е сосема друго“, рече Ковачевски.
Претходно, професорката Мирјана Најчевска, овој предлог го нарече „политичка перверзија“.
„Наместо да се проверува имотот на функционерите, ќе го проверуваат имотот на администрацијата. Наместо да се стават во затвор мафијашите од ДУИ, ќе ја отпуштат Перса дактилографката. Наместо да одговараат сите оние кои ги злоупотребија законите за лична корист (за што постојат јасни и гласни ревизорски извештаи) ќе дигаат прашина и ќе плашат ситна боранија. Која политичка перверзија. Како што реков, потребна ни е технократска влада за да се врати сета оваа гамад под камењата од под кои исползе пред 30 години“, напиша таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

