Економија
Подгответе се за летото со попусти и забава – late night shoppingво Скопје Сити Мол!
Веќе десет години најомилен дел од јуни се неверојатните попусти во омилениот трговски центар, кои кулминираат со најдобриот ден за попуст во кој продавниците во Скопје Сити Мол работат до полноќ – Late Night Shopping во Скопје Сити Мол. Оваа година за посетителите и љубителите на шопингот подготвивме извонредни попусти, но и одлична забава за вистинско шопинг уживање и доживување.
На 23 јуни вратите на Скопје Сити Мол се отвораат во 10 часот наутро за да ги примат “шопингхоличарите“, но и оние кои го чекаат попустот за да го купат омиленото парче и забавата може да почне. Единствено со Скопје Сити Мол има сѐ што сакате со ексклузивни попусти, па искористете го Late Night Shopping да го купите омиленото парче облека, обувки, асесоари, накит, козметика, подгответе се за плажа со нов костим за капење, нов куфер или купете нешто за домот. Притоа подгответе се за забава посетете го GIN LANE FESTIVAL, сликајте со другарите на нашиот фотобут, уживате во ДиЏеј сетот пред и во внатрешноста на Скопје Сити Мол и се разбира тука е и огненото шоу.
„Остануваме на тоа дека Late Night Shopping приредува целосно уживање и вистинско доживување на сите посетители и вистински рај за сите кои уживаат во попусти, шопинг, но и за сте кои сакаат да се забавуваат – имаме огненно шоу, два Ди Џеја пред и во трговскиот центар, богата музичка програма и сите вкусови на GIN LANE FESTIVAL, и се разбира неверојатни попусти во омилените брендови. Приредуваме вистинско шопинг доживување за нашите посетители, ден и ноќ кои ќе ги паметат не само по добриот шопинг, туку и по извонредната забава и целосното искуство. Ве чекаме на 23 јуни од 10.00 наутро до полноќ.“ – изјави Дамјан Корубин маркетинг менаџерот на Скопје Сити Мол.
Видот на попустите и промоциите ги дефинира секој бренд поединечно, попустите се однесуваат за 23 јуни, денот на Late Night Shopping во Скопје Сити Мол, но најголемиот дел од брендовите им нудат можност на оние кои не можат да дојдат тој ден попусти и преку целиот викенд. Следете ги профилите на социјалните мрежи на Скопје Сити Мол за детални информации.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

