Македонија
Сомневањата дека инфузиите ја убија Јана не се потврдиле со обдукцијата, адвокатот Митровски бара проверка на болничкиот компјутер поради сомневања за малверзации
Сомневањата дека инфузиите ја убија малата Јана Христовска не се потврдија со обдукцијата. Ова за Макфакс го изјави адвокатот Јанаки Митровски кој како полномошник ја добил и направил увид во документацијата.
Како што вели, согласно извештајот на судска медицина причинско последична врска е пневмонија кај девојчето кое го воспалило срцевиот мускул и тоа предизвикало срцев удар кај девојчето.
„Согласно извештајот причинско последична врска е пневмонија кај девојчето кое го воспалило срцевиот мускул и тоа предизвикало срцев удар при што тие претпоставуваат, кое што е мое тврдење дека е пневмонијата е од наводно прележан ковид во јануари за што немаат конфирмација односно позитивен тест, а има позитивен тест од август 2022 година, додека тие одат на претпоставка дека имала симптоми на ковид, а сите знаеме дека симптомите на ковид се слични на многу состојби. Сомневањата на родителите се дека инфаркот го предизвикале инфузиите дадени при покачен шеќер. Во самиот извештај се третира дека има на црниот дроб невообичаено висок шеќер, но тоа не е посебно истражувано во тој правец. Лекарите од медицина не наоѓаат пропуст, односно тие сметаат дека е донесена во многу тешка состојба и би починала без разлика на што тие би преземале“, додава Митровски.
Според него, тужба може да се покрене за надомест на штета, но тоа во овој момент не е во приоритет на семејството.
Митровски, како претставник на родителите предложил да се вештачи и комјутерот во болницата за да се утврди дали се менувале податоци.
„Времето на починување е напишано во 3.20 а родителите тврдат дека во 1.30 веќе не давала знаци на живот а и во отпусното писмо е наведено дека време на смрт е во 1.25 “. Денеска поднесвоме барање да се вештачи компјутерот затоа што како непосредни сведоци тврдат дека на него сме правеле малверзации.
Родителите во сите досегашни изјави во медиумите се изјаснија дека се убедени оти за нивната ќерка пресудна била инфузијата со гликоза, која ѝ била дадена и покрај тоа што крвната слика покажала зголемено ниво на шеќер и оти се работи за лекарска грешка.
Петгодишната Јана почина во битолската болница во март годинава, само неколку часа откога била примена дехидрирана, со повраќање и со оток на очите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јанчев од Левица по сообраќајната несреќа: Веднаш пружив помош, но бев мета на политичка хајка
Пратеникот и лидер на Левица, Саше Јанчев, денеска се огласи по повод сообраќајната несреќа во која бил учесник, истакнувајќи дека во настанот се погодени најмалку три семејства и бројни блиски лица, поради што досега, како што вели, свесно молчел. Јанчев нагласува дека не сака да навлегува во детали од несреќата, но чувствувал потреба јавно да се произнесе поради, како што тврди, политичката злоупотреба на случајот.
Тој изрази жалење за сè што се случило таа вечер и посочи дека веднаш по несреќата пружил помош и повикал итни служби. Притоа, Јанчев укажа дека брзата помош, според неговите наводи, пристигнала по цели 50 минути.
Во изјавата потенцира дека бил единствениот легален учесник во сообраќајот во конкретната несреќа и отфрли тврдења дека управувал возило под дејство на алкохол или дрога, како и дека возел со непрописна брзина, оценувајќи ги ваквите информации како целосно неточни.
Јанчев реагира и на објавите во дел од медиумите дека управувал „бесен џип“, наведувајќи дека неговото возило е старо 20 години и дека станува збор за намерно креиран наратив. Според него, уште истиот ден по несреќата, владејачките партии започнале, како што рече, координирани политички напади против него.
Тој обвини дека бил јавно осуден преку партиски прес-конференции и медиумски настапи, без, како што посочи, да се постави прашањето за одговорноста на министерот за внатрешни работи и министерот за здравство. Јанчев наведе и дека од страна на власта му биле упатени закани поврзани со работата на Анкетната комисија за Кочани.
Во однос на прашањето за пратеничкиот имунитет, Јанчев истакна дека никогаш не се повикал на него и дека имунитетот, како што нагласи, не ја исклучува кривичната одговорност.
„Сето ова се прави без чувство дека во приказната не сум само јас, туку и луѓе кои се настрадани и длабоко потресени“, наведе Јанчев, повторувајќи дека искрено жали за сè што се случило и дека не знае зошто морало да дојде до таков трагичен настан.
Македонија
ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен
Поради густата магла која ја зафати скопската котлина, а која предизвика намалена видливост, на Меѓународниот Аеродром Скопје, денеска од 00:00 часот до 18 часот, има 16 откажани и 11 пренасочени летови. Три авиони слетаа и три авиони полетаа после пладне, кога се подобрија временските услови. Слетаа авионите од Дортмунд, Истанбул и Париз, а полетаа за Истанбул, Осло и Баден-Баден, информираат од ТАВ Македонија.
Бидејќи временските услови се менуваат постојано, од ТАВ Македонија апелираат до сите патници да ги следат информациите и насоките за нивните летови кои ги добиваат од авиокомпанијата со која летаат
-Согласно временската прогноза која ни стигнува од Метео-службата на М-НАВ, намалена видливост се очекува и во текот на ноќта. За патниците и јавноста би сакале да појасниме дека Меѓународниот Аеродром Скопје не е затворен. Аеродромот е постојано отворен, без разлика на временските прилики, а нашиот персонал е подготвен да ги прифати, услужи и испрати и авионите и патниците, се вели во соопштението од ТАВ Македонија.
Сите промени во редовниот распоред на летање се ажурираат во реално време на веб-страницата на Меѓународниот Аеродром Скопје https://skp.airports.com.mk/, а патниците може да се информираат за статусот на нивните летови и на пултот за информации кој работи 24/7 со персонал кој е присутен на аеродромот и на телефонскиот број 02 3148 333.
Македонија
Сонце само над Водно – градот втор најзагаден во Европа
Скопје денеска осамна покриено со густа магла, која целосно го проголта градот и го сокри сонцето од погледот на скопјани. Додека во низините видливоста беше значително намалена, единственото место каде што сонцето се пробиваше низ облаците беше Водно, поточно околу Милениумскиот крст.
Од височините на Водно можеше јасно да се забележи контрастот меѓу сончевото небо и густата магла што се задржа над градот, создавајќи слика на Скопје „заробено“ под сив покрив.
Покрај неповолните временски услови, денес Скопје е рангирано како втор најзагаден град во Европа, што дополнително ја влошува состојбата со квалитетот на воздухот и претставува сериозен ризик за здравјето на граѓаните.
Граѓаните повторно апелираат за итни мерки и долгорочни решенија за справување со аерозагадувањето, кое со години останува еден од најголемите проблеми во главниот град.

