Македонија
Ковачки и извади сметки за струја на Петровска: Зошто татко и не платил струја од 10.000 евра?
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки преку социјалните мрежи и се обрати на министерката за одбрана Славјанка Петровска и ја повика да одговори зошто ако го продала имотот во 2009 година тогаш во 2019 година има неплатена сметка за струја на име на нејзиниот татко во износ од 10.000 евра.
„Демек, нејзино било земјиштето, ама го продала во 2009 и тоа без хациенда. Ок. Еве ако немало хациенда на тоа земјиште, тогаш зошто во 2019 има неплатена сметка за струја од 10.000 евра на име на нејзиниот татко, патем речено и таа лично се водела на таа адреса по лична карта? Зарем на земјиште (нива) без изграден објект – хациенда некој туку така ќе направи толкава сметка за струја и кој е тој што тоа ќе му го дозволи? Логично е дека за да направите сметка од 10.000 евра, треба или да копате биткоини или да полните базен. *Инаку, за 2 неплатени сметки за струја се исклучува струјата, ама очигледно тоа не важи за поединците како госпоѓата министерка“, пишува Ковачки во својот статус на Фејсбук.
Тој ја прикажа и сметката, која како што вели тој е јавен интерес и јавноста треба да ја види.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

