Спорт
Луксембург ја посрамоти БиХ, Србија се спаси во Бугарија, Роналдо со гол во 200. настап

Последните мечеви од квалификациите за Европското првенство во 2024 оваа пролет ни донесоа повеќе изненадувачки резултати, од кои најмногу отскокнува неверојатната 0:2 победа на Луксембург на гости кај Босна и Херцеговина.
Во другите мечеви, Србија со гол во 96. минута спаси 1:1 реми со Бугарија во балканското дерби, додека Полска доживеа неочекуван 3:2 пораз на гости кај Молдавија. Белгија и покрај скандалот со голманот Тибо Куртоа, стигна до рутинска 3:0 победа на гости кај Естонија, додека Португалија со гол во 95. минута ги победи Исланд на гости со гол на „славеникот“ Кристијано Роналдо.
Во Зеница, Ивндро Борхес Санчез ги донесе Луксембург во водство уште во 4. минута, за БиХ да промаши пенал во 56. минута преку Амир Хаџиахметовиќ, за Данел Синани во 74. минута да ја поврди победа на гостите. Во Разград, Кирил Десподов донесе водство за Бугарија во 47. минута, за Дарко Лазовиќ во 96. минута да спаси поен за тимот на Драган Стојковиќ-Пикси.
ЕУРО 2024 КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА А
Норвешка – Кипар 3:1
ГРУПА Е
Фарски Острови – Албанија 1:2
Молдавија – Полска 3:2
ГРУПА Ф
Австрија – Шведска 1:0
Естонија – Белгија 0:3
ГРУПА Г
Бугарија – Србија 1:1
Унгарија – Литванија 2:0
ГРУПА Ј
Босна и Херцеговина – Луксембург 0:2
Исланд – Португалија 0:1
Лихтенштајн – Словачка 0:1
📺 Bosnia & Herzegovina 0-2 Luxembourg | Goal: Danel Sinanipic.twitter.com/VgnpJD4wPv
— FootColic ⚽️ (@FootColic) June 20, 2023
📺 Bulgaria 1-1 Serbia | Goal: Darko Lazovicpic.twitter.com/r9FooRU6Nf
— FootColic ⚽️ (@FootColic) June 20, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Бруно промаши пенал, Јунајтед не успеа да победи кај Фулам

Фулам и Манчестер јунајтед одиграа 1:1, во последниот денешен напревар, одигран во рамките на второто коло во Премиер лигата.
Манчестер јунајтед продолжи онаму каде што застана минатата сезона. Ниту скапите засилувања не ја подбрија играта на „црвените ѓаволи“. Кај Фулам, Јунајтед имаше подобри панси но не успеа да му зададе удар на противникот.
Матеуш Куња во првиот дел ја погоди стативата, а во 38.минута капитенот Бруно Фернандеш не реализира пенал. Ужасно шутираше Португалецот, ударот заврши над голот.
Јунајтед успеаја да постигнат гол, во 58.минута по ударот на Јоро, топката го погоди Муниз го смени правецот и заврши во голот.
Фулам изедначи во 73.минута. Стрелец беше Смит-Роу кој нецели 120 секунди претходно влезе во игра.
Спорт
Го избркаа од Марсеј, тој потпиша за Болоња

Младиот англиски крилен играч Џонатан Роу се пресели од Олимпик Марсеј во Болоња.
Роу претходно беше ставен на трансфер листата во францускиот тим откако се степа во соблекувалната цо соиграчот Адриен Рабио, по поразот во Рен.
И двајцата беа суспендирани поради недисциплина, а Роу веќе си најде нов клуб. Овој поранешен играч на Норич одигра десет натпревари за младата репрезентација на Англија и постигна три гола.
Во Болоња ќе има биде замена за Дан Ндоје, кој замина во Нотингем Форест.
Спорт
(Видео) Грилиш како во најдобрите денови, го водеше Евертон до победа над Брајтон

Фудбалерите на Евертон имаа совршено деби на својот нов стадион. По неубедливиот настап и поразот против Лидс во првото коло, играчите на Евертон значително го подобрија впечатокот со победата над Брајтон (2:0)..
Од самиот почеток на натпреварот, Дејвид Мојс на теренот го испрати најзвучното засилување во летниот преоден рок, Џек Грилиш.
Поранешниот играч на Манчестер сити, забележа две аситенции. Во 23-та минута, брилијантно проигра покрај Ендиае, кој со прецизен удар му донесе водство на Евертон.
Уште една магија на Џек Грилиш во 52-та минута, кога му намести гол на Џек Гарнер.
Брајтон можеше да внесе драма во финишот на натпреварот, но Дени Велбек промаши пенал, поточно, голманот Џордан Пикфорд го одбрани ударот од белата точка.
Во следното коло, Евертон ќе гостува кај Вулверхемптон, додека Брајтон има тешка задача пред себе, бидејќи се соочува со Манчестер сити.