Македонија
За оштетувањата, поправките и пуштањето на мостот „Беласица“ – интервју со Гаревски кој открива кога ќе биде пуштен за сообраќај
Михаил Гаревски, првиот човек кој ја анализира состојбата на опожарениот мост „Беласица“ и од кого се очекува изготвување на експертизата, во интервју за „Макфакс“ појаснува дека истата би требало да биде објавена во понеделник а најдоцна до среда, наредната недела. Пуштањето на мостот не може да биде во јули и даде објаснување за кога може да се очекува.
Гаревски во разговорот прецизира дека според спроведените анализи, на мостот нема да му биде потребно, како што вели, зајакнување, туку рефреширање или лесна санација.
„Еве конкретно, експертизата ќе биде готова најверојатно во понеделник или најверојатно во среда – да биде среќно. Тоа нема ништо да смени, бидејќи однапред е јасно дека според нашите анализи, практично, не треба зајакнување на мостот. Но како што кажав многупати, дури и како што кажа градоначалничката, ќе треба извесно рефреширање, односно лесна санација“,, вели Гаревски.
Дава свое гледиште и околу спротивставенитe изјави со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
Подвлекува дека никој не е крив за тоа што се доцни и дека негов дел не е спроведување на санацијата, тука изготвување на експертизата.
Сега како што објаснува, најголем дел од активностите на мостот, зависат од „ЕСМ“ и од тоа за колку време ќе бидат отстранети цевките.
Одговарајќи на прашањето кога мостот „Беласица“ би можел повторно да биде пуштен во употреба, Гаревски даде оптимистична најава, па дури прецизираше и датум.
Што беше пресудно за да го прифати предизвикот и да ги трпи критиките од неговите колеги, дали Гаревски тезгари преку мостот „Беласица“, зошто даваат конфузни и спротивставени изјави со Арсовска, каква е состојбата со другите мостови во државата, на овие и на слични прашања во интервју за „Макфакс“ одговара Михаил Гаревски од приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Неколку општини во Скопје денеска без струја
Поради планирани прекини во електро дистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат следните корисници:
– Од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул.Тодор Чангов. (опш.Аеродром);
– Oд 08:30 до 12:00 часот, дел од корисниците од село Злокуќани. (опш.Карпош);
– Од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од Волково на ул.81, 79, 87, 91 (опш.Ѓорче Петров);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од улиците Архитекст Никола Добровиќ, Пушкинова. (опш.Аеродром);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од улиците Даме Груев, Мито Хаџивасилев Јасмин (oпш. Центар);
– Од 12:00 до 13:00 часот, Пумпна станица Шуто Оризари. (опш. Шуто Оризари).
Скопје
Посебен режим на сообраќајот во Скопје
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска поради официјална посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Македонија
Сончево време со температура до 25 степени
Времето утрово е студено со појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот, ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 23 степени, јавува УХМР.
Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и температури кои наместа ќе се спуштаат под нула степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура ќе биде без значителни промени.