Спорт
Андреас Трајковски победи во скок во далечина на Европското екипно првенство – трета дивизија
Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски го освои првото место во скок во далечина на Европското екипно првенство (трета дивизија) кое се одржува во Силесиа, Полска. Тој се искачи највисоко на пиедесталот со скок од 7.73 метри.
Овогодинешниот победничкиот скок е за шест сантиметри пократок од националниот рекорд на Андреас Трајковски кој го постигна на митингот во Калитеа (Грција) оваа година.
Трајковски својот најдобар скок, 7.73 метри, го оствари во вториот обид. Со првото место Андреас освои максимални 15 поени за атлетската репрезентација на Македонија, кои ќе влезат во генералното бодување на сите држави учеснички во оваа дивизија.
Покрај Андреас Трајковски, на пиедесталот се најдоа Ишаи Ифраимов од Израел, кој го освои второто место со скок од 7.70 метри, додека пак третото место му припадна на Мухамет Кангели од Албанија со скок од 7.36 метри.
Претходно Андреас настапи во дисциплината на 100 метри, каде истрча за време од 10.81 секунди и ја освои петтата позиција.
Македонската штафета на 4 х 100 метри, во состав: Андреас Трајковски, Огнен Стефановски, Михаил Петров и Јован Стојоски постави нов национален рекорд од 41.75 секунди и го освои 5-то место (11 бодови за репрезентацијата). Досегашниот рекорд изнесуваше 42.86 секунди поставен во 2012 година, во состав Пандев, Ефремов, Ајдраво и Голубиќ.
Денеска свои настапи имаа и Михаела Лазаровска во дисциплината скок со стап, Стефан Стефановски во фрлање диск, Сара Османовска на 100 метри со пречки и во трискок, Ирма Хајдари на 800 метри со пречки, Леонид Вандевски на 1500 метри, Дрита Ислами на 400 метри со пречки, Огнен Стефановски на 400 метри со пречки, Марјан Нојковски во дисциплината фрлање кладиво како и машката и женската штафета на 100 метри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонија со пораз од Данска го започна Европското првенство
Ракометната репрезентација на Македонија, со пораз го започна настапот на 17-то Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Во првото коло, во Б групата, Данска ја победи Македонија 36:24 (17:12).
Македонските репрезентативци, во Хернинг, дадода се од себе, но Данска го демонстрираше својот квалитет и покажа зошто е најдобриот тим во светот.
Македонија се држеше во првото полувреме, најмногу поради тактички добрата игра во нападот, одбраната не можеше да ги задржи ѕвездите на данската селекција.
Десет минути беше нерешено, а потоа Данците со молскавична серија 5:0 се одвоија на 8:3. Успеа Македонија да фати каков таков приклучок, намали на три гола и не реализира напад за минус два. На крајот првиот дел заврши 17:12.
Во вториот дел Данците го засилија темпото во одбраната, во првите 15 минути Македонија тешко доаѓаше до чисти позиции. Данците стекнаа двоцифрена предност и забележаа очекувана победа.
Најефикасни играчи во македонската репрезентација беа Серафимов со шест, односно Кузмановски и Митев со по четири гола. Најдобрите Данци, Питлик и Гидсел со девет осносно осум гола ја предводеа својата репрезентација.
Второто коло во Б групата на програмата е в недела, Македонија од 18 часот ќе игра против Португалија, а од 20.30 Данска ќе се соочи со Романија.
Foto/ EPA
Спорт
Тер Штеген пред трансфер во Џирона
Марк-Андре тер Штеген ќе ја напушти Барселона до крајот на преодниот рок. Германецот мора да брани доколку сака да биде во германската селекција на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.
Според шпанските медиуми, речиси сè е договорено, германскиот голман да се пресели во Џирона. Тер Штеген ги прифатил условите, а сè што останува е клубовите да ги дефинираат деталите за позајмицата.
Тер Штеген го загуби местото како прв голман со доаѓањето на Џоан Гарсија, а се мачеше и со повреди во претходниот период.
Бидејќи сè уште има што да покаже, логичниот следен чекор беше да ја напушти Барса, засега само привремено, а ќе видиме на лето кои ќе бидат следните чекори.
Foto/ depositphotos
Спорт
Скандал на ЕП во ватерполо – Покрената е истрага поради обложување
Неколку ватерполисти од репрезентацијата на Малта се под истрага поради сомнение дека се обложувале на гол-разликата на натпреварот од Европското првенство против Црна Гора во Белград.
Информацијата ја објави порталот „Тајмс оф Малта“. Според истиот извор, по повод настанот е покрената истрага, а повеќе детали ќе бидат познати во наредните денови.
Селекцијата на Црна Гора го доби споменатиот дуел од групната фаза со резултат 21:12. Малта беше поразена во Белград од Франција (22:13), Унгарија (21:6), а денес во битката за пласман од 13-то до 16-то место го победи Израел 16:15.
Foto/ EPA

