Свет
(Видео) Француска подморница се приближува до локацијата, Канада објави снимка од потрагата по Титан

Подморницата „Виктор 6000“ беше испратена да помогне во спасувачката операција по барање на американската морнарица. Францускиот истражувачки брод „Атланте“, кој носи роботска потопница, се наоѓа на околу 20 наутички милји северно од местото на потонатиот брод Титаник.
„Виктор 6000“ може да нурне до длабочина од 6.000 метри и би можел да го оттргне Титан доколку се заглави на дното на океанот, но не би можел сам да ја подигне подморницата, туку би ја закачил на брод кој потоа би го подигнал.
As part of the @CanadianForces‘s support to the search for a missing submersible, 380 NM south of St. John’s NL, an @ARC_RCAF CP-140 Aurora from 14 Wing Greenwood, NS is providing surface search and sub-surface acoustic detection capabilities. pic.twitter.com/j4fwfwQkki
— Canadian Armed Forces Operations (@CFOperations) June 21, 2023
Канадската војска објави видео од летало за набљудување како лета над океанот и фрла уреди што се користат за слушање звуци во водата, пренесува Јутарњи лист.
Како дел од потрагата, авион на кралското канадско воздухопловство пребарува оддалечена област на Атлантикот, барајќи знаци на подморницата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Нов аларм во Грац: само неколку часа по масакрот во училиштето, пристигнаа заканувачки повици

Во вторникот наутро, Грац беше шокиран од веста за масакрот во училиштето, каде што напаѓачот убил 10 лица, а потоа извршил самоубиство, а само неколку часа подоцна имаше нов аларм.
Како што пишува „Кронен“, само неколку часа по масовното убиство во училиштето, имитаторите го искористиле пукањето како изговор за да упатат закани.
Имено, друга гимназија во Грац добила заканувачки повик во вторникот вечерта, изјави Франц Руф, генерален директор за јавна безбедност.
Закана била испратена и до централната станица во Грац во вторникот попладне, пишува „Кронен“ и додава дека истрагите за овие закани се во тек.
Свет
Руски амбасадор: Обновувањето на односите меѓу САД и Русија го забавува „длабоката држава“ во Америка

Разговорот меѓу САД и Русија за решавање на прашањата во нивните билатерални односи ќе биде преместен од Истанбул во Москва, изјави денес за ТАСС новиот руски амбасадор во Вашингтон.
„Сè уште има долг пат за обновување на руско-американските односи“, рече амбасадорот Александар Дарчиев.
Според него, зближувањето со Москва го забавуваат таканаречената „длабока држава“ во САД и антируските „јастреби“ во Конгресот.
„Можам да потврдам дека во блиска иднина во Москва ќе се одржат нови разговори на делегации“, рече Дарчиев.
Војната во Украина предизвика најголеми тензии во односите меѓу Москва и Западот од Студената војна. Искусни дипломати од Москва и Вашингтон изјавија за Ројтерс во 2024 година дека не можат да се сетат дека односите некогаш биле полоши.
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп го смета украинскиот конфликт за посредничка „proxy“ војна меѓу САД и Русија. Трамп постојано предупредуваше на ризикот од ескалација на конфликтот во светска војна.
Свет
ЕУ го додаде Монако на листата на земји со висок ризик за перење пари

Европската комисија денес објави дека го додаде Монако на листата на земји со „висок ризик“ во однос на перењето пари, како и дека ги отстрани Обединетите Арапски Емирати од листата.
Европската комисија се согласи со „сивата листа“ на Работната група за финансиски дејствија (FATF), меѓународно тело задолжено за евалуација на активностите на земјите во борбата против перењето пари.
Монако е на нивната листа од 2024 година.