Спорт
Ги одби милионите од Саудиска Арабија – Модриќ ги избра Реал и Хрватска
Ударна вест во денешното печатено издание на „АС“ е дека Лука Модриќ (37) дефинитивно ја одбил неверојатна понуда од Саудиска Арабија за да го одработи веќе потпишаниот едногодишен договор со Реал.
Според „АС“, Модриќ има и уште една причина зошто ја одбил 200.000.000 евра за три сезони во Саудиска Арабија.
„Модриќ се уште не сака да се збогува со хрватската репрезентација. Капитенот сака да го одведе тимот на ЕП следното лето“.
Во текстот под наслов „Реал и Хрватска ги стави пред неверојатно богатство од Саудиска Арабија“, пишува: „Задарскиот гениј сака да ја заврши кариерата со уште неколку трофеи со Реал и да се обиде да освои титула со Хрватска. Се разбира, за Хрватска ќе беше достапен и доколку заминеше кај Арапите, но тој сака да го чека ЕП следната година откако ќе игра уште една сезона врвен фудбал“.
„АС“ истекнува дека Модриќ долго време се премислувал и дека во последните неколку дена решил да ја одбие понудата од Саудиска Арабија.
Мадридскиот весник пишува дека Модриќ решил да остане иако конкуренцијата станала многу поостра.
„Со доаѓањето на Белингем и останувањето на Себаљос, Реал сега има дури седум играчи од средниот ред. Но Анчелоти ќе го промени системот и ќе игра со четворица играчи во средината, што му отвора можност на Модриќ за значително поголема минутажа.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Пикси: Не бевме вреќа за удирање
Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Дрган Стојковиќ Пикси, во првата изјава рече дека елиминацијата од ЕП не е неуспех.
„Жал ми е што не го направивме тој чекор понатаму. Исклучително сум горд на момците. Се бореа, дадоа се од себе, но така е во фудбалот“, започна Пикси и потоа го коментираше мечот со Данска.
„Тежок натпревар, 50-50 во сите параметри. Направивме се за да одием понатаму. Не се резилевме, никој не не победи со 5:0 па ни се смеат и да не навредуваат. Не заслуживме да загубиме од Англичаните. Другите два натпревари беа тешки, тактички и резултатски. Знаев дека вечерва нема да имаме шанси, кави што имавме против Словенија. Вечерва не постигнавме гол. Одиме понатаму со кренати глави. Момците ги заслужуваат сите честитки за нивниот напор’, рече Пикси со напомена дека еден гол решил кој ќе оди во нокаут фазата.
Спорт
Српските фудбалери со концерт од свирежи испратени од стадионот во Минхен
Фудбалската репрезентација на Србија го заврши настапот на Европското првенство. Во конкуренција на Англија, Данска и Словенија, Србите освоија два бода и завршија на последното место во групата.
Во последното коло, на Србите им требаш победа над Данска, но не успеаја. На крајот од натпреварот со концерт од свирежи беа испратени од околу 30.000 свои навивачи на стадионот во Минхен.
Репрезентативците на Србија по завршувањето на натпреварот сакаа да им се заблагодарат на повеќе од 30.000 српски навивачи кои ги бодреа, но добија свирежи, навреди, а во еден момент навивачите фрлаа пластични чаши кон нив.
Спорт
Ц групата го изедначи негативниот рекорд на ЕП
На шест натпревари во групата Ц, во која партиципираа Србија, Англија, Словенија и Данска, беа постигнати само седум гола, што на ЕП се случило само уште еднаш од воведувањето на групната фаза (1980).
Во првото коло Англија ја победи Србија (1:0), а Данска и Словенија ремизираа (1:1). Во второто Словенија и Србија, односно Данска и Англија одиграа 1:1. Последното трето коло во оваа група донсе два натпревари (Србија-Данска и Словенија-Англија) без голови.
Претходно, во 2016 година беа постигнати седум гола. Интересно и тогаш во прашање беше Ц групата. На ЕУРо 2016 во Франција во групата играа Германија, Полска, Северна Ирска и Украина.