Контакт

Македонија

(Видео) Антикорупциска се сомневала на политичко влијание од Мерко, Судски совет ја изгубил пријавата против судијата

Објавено пред

Антикорупциската комисија не знае што се случува со предметот кој бил отворен од Обвинителството по нивна иницијатива, а се однесува на Рамиз Мерко. Но знаат дека во Судски совет исчезнала претставката која ја поднеле против претседателот на струшкиот суд, а поради сомневање за политичко влијание кога постапувале по судски предмет во кој странка била Општина Струга односно градоначалникот Мерко. Билјана Ивановска, претседателка на Комисијата, објасни дека барале информација до каде е предметот кој се води во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) за набавката на луксузното „ауди“, отворен по нивна иницијатива од пред четири години – но не добиле информација.

dobivaj vesti na viber

„Ние сакаме да потсетиме дека ДКСК по сопствена инцијатива, а врз основа на наоди во медиумите, отвори предмет за Рамиз Мерко во мај 2019 година. ДКСК констатираше дека градоначалникот свесно и намерно ја злоупотребил службената положба и овластување и со пречекорување на границите на јавното овластување, презел дејствија спротивно на начелата за законитост и интегритет, на јавниот интерес и интересот на општината. Со ова нанел штета на буџетот на општината и државата и прибавил противзаконска корист за себе и друг. Врз основа на наодите кои беа поткрепени и со извештајот од Заводот за ревизија, ДКСК до Јавното обвинителство, на 18 ноември 2019 година поднесе иницијатива за поведување постапка за кривично гонење на Рамиз Мерко. Беа содржани и бројни наоди“, рече Ивановска.

Таа образложи и за последните информации кои ги добиле за предметот.

„Од Јавното обвинителство, на 4 декември 2019 година не известија дека иницијативата е доставена во надлежност на Обвинителството во Струга за натамошно постапување. На 4 декември 2021 година испрати ургенција во Обвинителството во Струга со цел да добие одговор дали е постапено по иницијативата. Оттаму на не извистија дека иницијативата е во ОЈО-ГОКК бидејќи Рамиз Мерко се товари за нанесена штета при вршење на јавни набавки. ОЈО-ГОКК издал наредба до МВР за натамошно постапување. На 4 август 2021 година од МВР добивме барање за доставување документи. Ги доставивме документите. Оттука натаму не знаеме што се случува со предметот“, додаде Ивановска.

Антикорупциска во 2019 година доставила пријава и до Судскиот совет за работењето на претседателот на Основниот суд-Струга. Од 2010 година, Општина Струга работи со блокирана сметка, минимум средствата со кои може да работи го определува судот. За да може да се изврши набавката на возилата меѓу кои беше и лускузното „ауди“, тој минимум требало да биде зголемен. Со години се барало зголемување на тој минимум – но дури во 2017 година бил зголемен, посочи Ивановска. Тоа е периодот кога Мерко станува градоначалник.

„Тоа беше поради сомнеж за политичко влијание врз судијата кој постапувал по барањата од должникот Општина Струга за зголемување на минимум средства за извршување на основната дејност на општината – бидејќи за две решенија со иста фактичка состојба и две образложени причини, донесени се различни одлуки“, додаде таа.

Ургенција до каде е постапувањето по пријавата од Антикорупциска била доставена во 2021 година, а по неа, добиле известување: „По извршените проверки во електронската архива, таков предмет не е пронајден“.

„Ние имаме доказ дека претставката во Судски совет е примена“, рече Ивановска, по што додава: „Што се однесува до наводите за претседателот на судот, предметот е застарен, ни рече Судски совет, бидејќи решенијата се од 2016 година и 2017 година. Значи ние кога сме доставиле, тој не бил застарен. Потоа предметот исчезнува, иако имаме доставница дека сме го доставиле. Кога треба да одговарат, тие ни викаат дека застарел“, рече Ивановска.

Новинарите имаа забелешка што Антикорупциска од 2021 година знаела за изгубениот предмет, а не соопштила и кажува дури сега, на што Ивановска одговори: „А што да преземеме? Ние немаме ингеренции за да преземеме нешто“.

Таа истакна дека во изминатите 4 години, само од меѓународниот фактор, Антикорупциска добива потврда за оправданоста на активностите кои ги презема.

Македонија

Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од бул. Борис Трајковски бр.1 (Пеглата) влез 2 (општина Кисела Вода)

– во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од Новоселски Пат, како и објектите на Стокомак, КАМ Маркет, бензинската пумпа ОКТА и објектите во нивна близина. (општина Ѓорче Петров)

– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Леринска, лоцирани во околината на бр. 3. (општина Карпош)

Прикажи повеќе...

Македонија

Без вода дел од Чаир

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф – 150 мм на раскрсница меѓу улиците Челопек и бр. 157 без вода ќе останат корисниците од улиците Челопек и бр. 157, општина Чаир.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди

Објавено пред

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 17 до 20 степени.

Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Времето во наредните денови

За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво, а во утринските часови ќе има појава на магла во одредени котлини. Во понеделник кон крајот на денот, најпрвин во западните делови, а во вторник и среда насекаде ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа51 минута

(Видео) Голем напад врз Русија: украинските дронови ја таргетираат енергетската инфраструктура

Во текот на ноќта напади со беспилотни летала беа регистрирани врз енергетската инфраструктура во неколку руски региони, вклучувајќи ги регионот...

Македонија11 часа

На Скопје не му требаат експерименти и луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа, порача Ѓорѓиевски од митингот во Скопје

Стоиме заедно во пресрет на конечната одлука, ова е одлука за судбината на нашиот град. Одлука за тоа во каков...

Македонија11 часа

Мицкоски најави 70 проекти: Нашата цел не е само политичка победа, почнуваме со нови училишта, болници, мерки за чист воздух, инвестиции

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати на народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија’’ од пред платото на...

Македонија11 часа

Ѓорѓиевски: Веќе имаше дебата со Мециновиќ, вечерва одбрав да бидам со мојот народ

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, се огласи откако партијата Левица го прозва дека одбил учество...

Македонија14 часа

Села до Меџити: Не сум дел од власта туку сум спроти неа, не рамо до рамо туку лице в лице

Лидерот на едното крило на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, преку објава на „Фејсбук“  одговори на излегувањето на Изет Меџити,...

Македонија17 часа

(Видео) Митева: Стевчо Јакимовски и неговите пајташи од градежната мафија сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница

Стевчо Јакимовски и неговата градежна дружина сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница. Да ја потсетиме јавноста што...

Македонија17 часа

Александар Јовановски нов директор на „Комунална хигиена“ – Скопје

Александар Јовановски е нов директор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје. Тој доаѓа од Град Скопје како инспектор во Секторот за...

Свет22 часа

(Видео) Масовен руски напад врз Украина, лансирани дронови и ракети: оштетени станбени згради

Повеќето украински региони останаа без електрична енергија по уште еден масовен руски напад со ракети и дронови врз цивилна и...

Европа23 часа

Франција го менува законот за силување по случајот со Жизел Пелико

Сенаторите вчера ги одобрија измените во францускиот закон за силување што би вклучувале експлицитна согласност, со што законодавството на земјата...

Свет23 часа

Трамп: Средбата со Шји беше неверојатна

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја опиша денешната средба со кинескиот претседател Шји Џјинпинг како неверојатна пофалувајќи ги кинескиот лидер...

Свет1 ден

По 30 години, Трамп нареди тестирање на американско нуклеарно оружје

Пред средбата со кинескиот претседател Кси Џинпинг, американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на Министерството за одбрана на САД веднаш...

Свет1 ден

(Видео) Ураганот предизвика огромна штета: премиерот на Јамајка објави снимки од воздух

Бројот на жртви од ураганот Мелиса се зголеми додека минуваше покрај Куба и се движеше кон Бахамите, еден ден откако...

Европа1 ден

Орбан: Европејците сакаат да почнат војна, ние не сакаме да се бориме

Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави започнување на антивоена кампања, која ќе биде придружена со мировни собири низ цела Унгарија. „Опасноста...

Свет1 ден

Заврши средбата меѓу Трамп и кинескиот претседател

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со кинескиот претседател Кси Џинпинг во јужнокорејската воздухопловна база, при што двајцата лидери звучеа оптимистички...

Македонија2 дена

Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат: Сиљановска-Давкова се обрати на Парискиот мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на осмиот Париски мировен форум, се обрати на сесијата посветена на младите и...

Македонија2 дена

(Видео) Митева: Јакимовски да објасни како е можно за една година со семејството да стане сопственик на две градежни парцели во најелитниот дел на Карпош, Жданец

„Како е возможно, за период од една календарска година, градоначалникот Јакимовски да се најде во ситуација каде со неговото семејство...

Македонија2 дена

Оставка на Сабахадин Рустеми од „Комунална хигиена“ за да не влијае на истрагата

В.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахадин Рустеми, поднесе оставка од функцијата поради морални причини, соопшти неговиот адвокат...

Македонија2 дена

Царината заплени речиси три илјади парчиња стока: облека со потпис на заштитени трговски марки, алкохол, електронски цигари, автоделови

На граничните премини Блаце, Табановце, Богородица и Ново Село царинските службеници и мобилните тимови запленија речиси три илјади парчиња стока,...

Македонија2 дена

Орце Ѓорѓиевски по дебатата со Мециновиќ: Скопјани сакаат дела и резултати

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО–ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, по синоќешната дебата со опонентот од Левица, Амар Мециновиќ, објави...

Македонија2 дена

Мециновиќ по дебатата: Ова е генерациска борба на непривилегираните

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, по вчерашната прва дебата со неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Орце...